Борците за заштита на животната средина и природните резервати сметаат, дека најголем дел од пожарите се подметнати намерно: ги подметнувале фармери, за да ослободат простор за полиња и пасишта.
За спас на бразилските шуми и брзо гаснење на огромните пожари сега се залагаат многу луѓе од светот, хаштагот #PrayforAmazonia е еден од најпопуларните на твитер.
Меѓу нив се и најпознатите спортисти и клубови.
КРИСТИЈАНО РОНАЛДО
„Дождливите шуми на Амазонија даваат повеќе од 20% од кислородот во светот, а гореа во текот на последните 3 недели. Наша должност е да помогнеме да се спаси нашата планета“, напишал Кристијано на својот Инстаграм профил
ПАУЛО ДИБАЛА
„Амазонија гори. Таа и припаѓа не само на Јужна Америка, таа и припаѓа на сите. Нејзините шуми се бели дробови за целата Земја, тие даваат 20% од кислородот на нашата планета.
Амазонија е прашума на целиот свет и нашата иднина гори. Амазонија не го заслужува ова, Земјата не го заслужува се ова. Должни сте нешто да преземете“.
ВУЛВЕРХЕМПТОН (на португалски јазик)
„Клубот сочувстува и жали во врска со уништувањето предизвикано од пожарите кои ја погодија Амазонија во последните денови!“
Os #wolves estão solidários e tristes com a destruição causada pelos incêndios que têm consumido a Amazónia nos últimos dias! 🇧🇷
— Wolves Português (@WolvesPRT) August 21, 2019
🐺🌳#Amazónia #PrayforAmazonas #AmazoniaSOS pic.twitter.com/V4b6hlHs0Y
НОВАК ЃОКОВИЌ
„Срцепарателно“
Heartbreaking 💔💔💔 #PrayforAmazonas pic.twitter.com/a46W8wArpT
— Novak Djokovic (@DjokerNole) August 21, 2019
РАФИЊА АЛКАНТАРА
„Помагајте“
ЛУИС ХАМИЛТОН
„Болно е да се гледа како страда нашата планета. Тропските шуми на Амазонија горат со рекордна големина и има 80% повеќе пожари годинава за разлика од лани. Научниците сметаат дека Амазон придонесува со 20% од целокупниот кислород што го дишеме. Повеќе од еден фудбалски терен се уништува секоја минута секој ден. Светот мора да застане заедно и да помогне. Ако веќе несто, ве молам постирајте за ова, витално е да продолжиме да ја шириме акцијата. Обединети Нации ако има нешто што можам да сторам, јас сум спремен да помогнам на кој било начин“.
ИКЕР КАСИЉАС
КИЛИЈАН МБАПЕ
„Молете се за Амазонија“
ЛУИС СУАРЕЗ
„Молете се за Амазонија и многу сила на белите дробови на светот. Да се бориме заедно да ја заштитиме Амазонија“
#PrayForAmazonas y mucha fuerza a nuestro pulmón del mundo. Luchemos entre todos para cuidarlo 💪💪 pic.twitter.com/0PLr2wWdbe
— Luis Suarez (@LuisSuarez9) August 22, 2019
ДАНИ АЛВЕШ
„Луѓето се жалат на развој, на образование, на социјална еднаквост, на права, но секогаш забораваат на своите должности. Оние кои не се во состојба да заборават на природата никогаш нема да имаат социјални права. Уважувајте ја природата, таа е најголема сила на животот. Ни луѓето ни други сили не можат со неа. Просто запомнете: таа секогаш била посилна, немој да ја ставате на испит“.