Таг: пауло дибала

Бастони и Дибала во обратни улоги

Тој што не прати фудбал, од дуелов може погрешно да заклучи кој е тука напаѓач, а кој дефанзивец. Дибала изреагира симпатично и си призна отворено дека му се случи „где је лопта“.

Три мерак за очи голови на Аргентина, на Алварез најубав

За прв пат по 11 години Аргентина во состав ги немаше Ди Марија и Меси. Првиот се повлече од репрезентација, а вториот е повреден. Но тоа воопшто не се сети на терен. Во 7. квалификациско коло за СП 2026 го разбија Чиле со 3:0. Макалистер, Алварез и Дибала режираа прекрасна голеада. Први се во група со 18 бода.

Прием на Дибала на кој се чудеше и Де Роси

Левицата на Пауло Дибала не служи само за голчишта кои обично не се бранат. Погледнете го како се загради и како ја прими на дуелот против Феенорд, а потоа и реакцијата на Де Роси. Роналдињо стил или Зидан. Импресивен потег.

Триаголникот на Дибала, Лукаку и Кристанте

На толку многу европски утакмици во четврток не знаеме кој е гол број 1, ама сигурни сме дека немаше појака акција од онаа на Рома кога го решија Шериф Тираспол со 1:2. Тешко да ги следиш, а не па да им ја земеш.

Распеано аргентинско трио

Хоакин Кореа, Пауло Дибала и Лаутаро Мартинез во топ форма на бина. Повод, Кореа се жени.

Дибала не можеше да се соземе

Многу Аргентинци имаше синоќа во финалето од Лига Европа, ама немаа можност сите да се радуваат. Пехарот го кренаа дури петмина во тимот на Севиља, а нивниот сонародник Пауло Дибала кој го отвори мечот со гол, беше во очај на крај.

Голчиште и асистенција на Дибала со неприкосновената левица

Рома доби светска класа на напаѓач кој со два потези решава натпревар. На гостувањето против Емполи каде славеа со 1:2, Пауло Дибала постигна еврогол кој не се брани, а потоа му ја даде на Абрахам на тацна за победа.

A видовте ли каков корнер изведе Дибала?

Во Рома владее јака и многу оптимистичка атмосфера за новата сезона, а од звучните засилувања број 1 е Пауло Дибала. Аргентинскиот ас очигледно уште е под импресии од начинот на кој го пречекаа и веројатно нема да му замерат за корнеров.

Дибала не можеше да се соземе од плачење на последниот меч на Алијанц

Ноќ за збогувања на последниот меч на Јувентус сезонава на домашен терен против Лацио 2:2. После Џорџо Кјелини, со навивачите се поздрави уште едно големo име, а тоа е Аргентинецот Пауло Дибала кој многу емотивно реагираше на крај.

Снајперот на Дибала и мангупската измама на Мората

По поразот дома од Аталанта, Јувентус се врати на победничките патеки на гости против Салернитана со 0:2. Убави се и двата гола, а жртва е голманот кој беше немоќен да ги спречи овие две сосема различни мајстории.

Лукаку и Дибала во Оревокршачка

Глумата во Серија А останува во Милано, ама се појави и во Торино. Минатото коло Леао, а сега двајца врвни напаѓачи, Лукаку и Дибала. Скроз непотребно. Не им личи.

Нема поопасна левица од онаа на Дибала

Посебно во неговите голови е тоа што сите му се јаки, затоа што нема милост кога ќе се намести на лева. Затоа компилацијава е атракција за гледање. Пауло не се продава за ниедни пари. Секој негов гол е експлозија.

Топовскиот гол на Дибала

Јувентус се опорави по тешкиот пораз од Наполи на пенали во финалето на Купот и синоќа рутински со 0:2 ја доби Болоња со што направи нов чекор кон скудетото. Роналдо од пенал и Дибала со мајсторски шут завршија работа.

Дибала позитивен на Ковид-19 четврти пат во шест недели

Еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот шампион Јувентус, Аргентинецот Пауло Дибала нема дерман од КОВИД-19.

Акцијата на Јуве која го зашемети пола Интер

Во дербито на Италија, шампионот Јувентус со 2-0 го доби Интер и бодовно се одлепи на табелата. Арон Рамзи и Пауло Дибала беа стрелци на головите. Акцијата која му претходеше на погодокот на Аргентинецот беше R1 и L2 на Сони Плејстејшн.

Каде бе Пауло?

Очаен прв меч на Јувентус во нокаут фазата од Лигата на шампионите кој доби противник по мерка, но загуби 1:0. Немаа шут во рамки на гол. Немоќта на Старата Дама против Лион најдобро е отсликана во овој дуел на Дибала со Хусем Ауар.

Георгина по дома добри?

Кристијано Роналдо ја реши Парма со два гола. Вториот го прослави со Дибала кој му асистираше, ама некако неочекувана прославава а? Или па му се лизна од возбуда?

Дибала лабаво

Јувентус го мина лесно и очекувано Удинезе во осминафиналето од Купот на Италија со 4:0. Два гола се од пенал, а два се двојат. Едниот е мајсторски на Дибала кој не знае да постигне обичен гол, а другиот е на Игуаин поради цик цак акцијата со кого? Па со Дибала. Несторовски ја одигра цела.

Кое играчиште е овој Дибала

Не е битно дали му оди на Роналдо или не, кога Јуве секако растура и е прв на табела и во првенство и во својата група во Лига на шампиони. Зарем може да биде поинаку кога во напад го имаат момчето со една од најјаките левици.

Дибала лудаку

Напаѓаше Јувентус против Атлетико Мадрид, ама 45 минути не можеше да го совлада Јан Облак. И дојде судиско продолжение и слободен удар буквално од мртов агол. Топката ја намести Пауло Дибала.

Спортистите кренаа глас за Амазонија, реакција бараат Роналдо, Ѓоковиќ, Хамилтон

Од стартот на годинава во шумите на Амазонија се разгореле рекорден број на природни пожари - веќе се констатирани повеќе од 74.000 жаришта, односно 85% повеќе од лани.

Дибала даде гол за кој долго ќе се зборува

Во генералката пред почетокот на новата сезона во Серија А, Јувентус славеше 0-1 на гостувањето во Трст против Триестина. Единствениот гол, и тоа голчиште, го постигна Дибала.

Дибала, малер ли му правеше на Видал?

Кога Артуро се залета да го шутира пеналот во 59’ минута од мечот за третото место на Копа Америка меѓу Аргентина и Чиле (2:1), Пауло Дибала од позадина му викна „Кирикочо“, термин кој во Аргентина се употребува „за да искобиш некого“.

Што значеше прославата на Роналдо со маската на Дибала?

Пред една недела Пауло Дибала го гледаше мечот од Парма (3:3) од клупата за резерви. Кога Аргентинецот сфатил дека нема шанси да влезе во игра, тој станал и заминал во соблекувална уште пред судиската свирка. Новинарите одма отвориле случај.