Кое играчиште е овој Дибала

Не е битно дали му оди на Роналдо или не, кога Јуве секако растура и е прв на табела и во првенство и во својата група во Лига на шампиони. Зарем може да биде поинаку кога во напад го имаат момчето со една од најјаките левици.

Имаше муабети тоа лето дека на Јуве повеќе не му треба Пауло Дибала затоа што пристигна Кристијано Роналдо. Колку само ќе погрешеа ако го продадеа.

Не само затоа што Аргентинецот е 8 години помлад и има уште многу да даде, туку затоа што е еден од најдобрите во светот на позицијата на која игра.

Зарем има ли тренер кој би се лишел од ваков напаѓач? На страна што синоќа ја реши со лудачки слободен удар ала Синиша Михајловиќ, туку има и други сегменти за издвојување од неговата игра.

Зборуваме за докажан и зрел играч со 26 години, кој ја игра петтата сезона во Јуве, а на Палермо му го платија 32 милиони евра.

Погледнете го овој импресивен прием на кој испушти воздух цел Алијанц.

А потегов?

Го имаме повторно слободниот од каде се гледа уствари колку тежок агол имал за гаѓање.

27 ноември 2019 - 09:44