Кјелини си заминува со насмевки, а Дибала со очај во лицето и многу солзи, веројатно затоа што првиот одбра да си оди, а вториот не, пишува Газета дело Спорт со теза дека 10-ка се ослободува за Пол Погба.
Аргентинскиот напаѓач се разделува со Јувентус по седум сезони откако во 2015-та пристигна од Палермо за 32 милиони евра.
Остави силен белег во дресот на Бјанконерите кој во него добија брз играч со експлозивен удар, кој често пати беше проблематичен за да го скротат голманите.
На 291 настап постигна 115 гола со што е деветти најдобар клупски стрелец, рамо до рамо со Роберто Баџо.
Заминува со 5 Скудета, 4 Купови и 3 Купови и без обештетување, бидејќи му заврши договорот, а следната негова дестинација за сега не е позната.
Paulo Dybala could not hold back the tears after playing his final home game for Juventus 😢❤️
— B/R Football (@brfootball) May 16, 2022
(via @CBSSportsGolazo)pic.twitter.com/G4yJj3oNc9