Шпанскиот тв програм Ел Чирингито (El Chiinguito) соопшти дека аргентинскиот репрезентативец бил позитивен на КОВИД-19 по дури четврти пат во последните шест недели.
Дибала на 21 март на својот Инстаграм профил потврди дека тој и девојка му Оријана Сабатини биле позитивни на коронавирус.
Претходно неговиот соиграч Даниеле Ругани соопшти дека е првиот фудбалер на Јувентус со коронавирус, а во меѓувреме позитивен беше и Французинот Блез Матуиди.
Дибала во изминатите шест недели дури четири пати се тестирал на КОВИД-19 и секој пат бил позитивен.
Тоа значи дека Пауло најверојатно не можел да се излечи и дека најверојатно ќе му треба поинтеинзивен третман.
Ако се земе предвид дека италијанските клубови, со зелено светло од министерството за здравство планираат од 4 до 18 мај да се вратат на тренинзи во помали групи, тоа значи дека Ла Јоја би го пропуштил стартот на тренинзите.
La mia partita più importante la gioco con voi 🤍🖤 @juventusfc @PauDybala_JR #juventus #dybala #nurse pic.twitter.com/4JCeEc2cCs
— Verdiana Cirillo (@verdianamc) April 21, 2020
Дибала не прв ваков случај, затоа што претходно голманот на Аталанта, Марко Спортиело дури три пати бил тестиран позитивен, по направен еден негативен тест.
Следниот чекор кој требал да го преземе Аргентинецот е тест со проверка на крв да се види дали развил антитела и колку од нив.
Последно огласување на темата Дибала имаше пред речиси 1 месец, кога на 27 март зборуваше на својот официјален Јутјуб канал дека развил силни симптоми, дека му било многу тешко, но дека веќе се чувствува подобро и дека може да се движи подобро, да оди, да пешачи и да проба да тренира. Едно време тешко дишев, цели пет минути не можев воздух да земам. Мускулите ме болеа. За среќа сега и јас и Оријана сме подобори“.