Кај го купивме, кај се запустивме

„Касиљас беше фијаско. Некои негови настапи нè чинеа многу натпревари, како во првенството така и во раното испаѓање од Лигата на шампионите. Неговата плата е неодржлива и сакаме да си оди во САД", изјави првиот човек на Порто Пинто да Коста.

Икер Касиљас (34) е најдобар голман во шпанската историја, капитен на шампионската селекција од СП 2010 и ЕП 2012, но тоа многу не му важи на Драгао, стадионот на Порто каде што Касиљас дојде од Реал Мадрид.
 
Како што пишува Ел Конфиденсиал, претседателот на Порто, Пинто Коста бил целосно разочаран од настапите на шпанскиот голман сезонава.
 
Според Пинто Коста, шеф на клубот кој заработува астрономски суми од продажба на играчи ќе биде ремек дело доколку успеат да го „увалат“ Касиљас во САД од каде што доаѓаат гласини дека го бараат (Њујорк Сити ФЦ).
„Купувањето на Касиљас беше апсолутно фијаско. Не исполни ниту едно од очекувањата што ги имавме, што е пострашно нè чинеше многу натпревари, како во првенството така и во Лигата на шампионите каде испаднавме прерано“, вели Коста за Конфиденсиал.
Порто прилично рано испадна и од борбата за титулата во Португалија каде Спортинг и Бенфика доста избегаа на табелата. И покрај тоа што се очекува Касиљас и натаму да биде прв голман на Шпанија на Европското 2016-та, Пинто едвај чека да го продадат.
„Неговата плата е неиздржлива за клубот. Ако оди во САД, а слушнав дека го барал Њујорк Сити, тоа би бил најдобрата зделка што нашиот клуб некогаш ја направил“, констатира претседателот на Порто, Пинто Коста.
Икер има договор со Порто до 2017-та година, а годишната плата му изнесува 2 милиони евра нето.
 
Киксовите на Касиљас во Порто: