Го прашуваат Икер што направи Реал Мадрид против Атлетик Билбао на 6 октомври 2001-ва, а тој одговара: тепавме 2:0, мислам дека стрелци беа Салгадо и Солари. Во опуштена атмосфера пред тренинг во друштво на Јеро, луѓево ја тестираат меморијата на тогашниот голман на Реал Мадрид и го бомбардираат со прашања, а тој им докажува дека ги памети сите натпревари на кој настапил. Епа нема појак.