Таг: тони крос

Восхитувачкиот пас на Крос кој му ја нацрта акцијата на Винисиус

23 минути Баерн го напаѓаше голот на кралевите, кои до тогаш не се споија со топка. Во 24-та минута на својата позиција топка доби Тони Крос и толку беше. Со само една гестикулација со прст му посочи на Винисиус каде треба да влезе. Навидум едноставна, но сепак многу мајсторска асистенција на Германецот со многу мозок, за која сите зборуваат денеска.

Старото добро трио

Ако навивачите на Барса нема никогаш да ги заборават маестралните Чави, Иниеста и Бускетс, кај оние на Реал од момерија нема да излезат Модриќ, Крос и Каземиро. Се сретнаа синоќа во САД на пријателска која кралевите ја добија со 2:0. Незаменливи и неприкосновени за време на хет-трикот во ЛШ (2016, 2017, 2018) под водство на Зидан. Инаку Модриќ и Каземиро заедно освоија 5 титули во Лига на шампиони со Реал, а Крос има 4.

Бомба на Крос и промашување на сезоната на Модриќ

Реал Мадрид го совлада Кадиз со 2:1, победа со која остана на -2 од првопласираната Барселона. Мечот го одбележа проектил на Тони Крос кој не се брани, ама и една неверојатна утка на Лука Модриќ, нешто несвојствено за него. Голманот на Кадиз се коцкаше на крај.

Видовте ли Тони Крос за што доби жолт?

Реал Мадрид го мина Елче во Копа деј Реј дури во продолженијата во кои паднаа сите три гола. Конечните 1:2 ги постави Азар во 115-та минута, а сите зборуваат за циркузов кој на Твитер го сподели и Крос.

Твит на денот за ѕверовите од средниот ред на Реал

Реал Мадрид не е само Рамос, Марсело или Бензема и не беше само Кристијано Роналдо. Внимавајте добро на фактите за овие дечки вредни злато во средина. Само една исправка во твитот. Крос има три трофеи во ЛШ, бидејќи кога Реал ја почна серијата во 2013/2014, тој играше за Баерн.

Генијална асистенција на Крос до Винисиус за водство на Реал

Со головите на Винисиус и Асенсио, Кралевите имаат убаво водство од 2:0 против Ливерпул на првата четвртфинална вечер од ЛШ. Сите во Мадрид зборуваат за топката со очи која Тони Крос му ја даде на Винисиус. Преку цел терен го најде.

Абе бегај на гол, Тони изведува корнер

Не само што го изведува, туку шутира директно во гол. И додека ти се објаснуваш со играчите, готово пројде возот. Мајсторијата е на синоќешниот дуел од Супер Купот на Шпанија кој Реал го доби со 3:1 против Валенсија.

Германците се во агонија - 6 порази во една година

Но и покрај тоа односот на релација федерација - селектор и натаму е мирољубив, со спуштен тон и надеж во подобра иднина.

Магијата на Крос продолжува - ист гол дадоа германските новинари против шведските

По традиција меѓу себе играат фан-клубовите и новинарите од земјите кои се сретнаа на Мундијалот. Германските новинари ги совладале шведските колеги 2:1 со победнички гол во последните секунди од мечот - буквално ист како на Крос.

Голот на Крос има и женска верзија, со штикли

Можеби не е толку вреден како на Германецот во 95’ минута, но е идентичен.

Тони Крос - кралот на старата школа кој 4 години носи исти копачки

Додека неговите соиграчи а и многу други фудбалери на денешницата се свилени и носат розеви и жолти копачки облепени со Swarowski кристали, Тони Крос синоќа против Шведска даде еврогол во копачки стари четири години.

Фудбалот е едноставна игра во која на крајот секогаш победуваат Германците

Иако губеше на полувремето, со страшниот гол на Тони Крос, Германија во 90+5’ минута ја победи Шведска со играч помалку и се врати на голема врата на мундијалската сцена.

Тони мајсторе што стори со трофеите?

Роналдо и Меси секоја година си ги мерат или им ги мерат пехарите кои ги освоиле, а се заборава на некои други славни момци на кои витрината им е полна. На пример Тони Крос, човекот кој не може да се доброи.

Најдобриот тим во светот за 2020 година

Мануел Ноер, Тиаго Силва, Марсело, Серхио Рамос, Дани Алвес, Андрес Иниеста, Лука Модриќ, Пол Погба, Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо се во најдобриот тим за 2015-та. TheSPORTbible го состави како би изгледал за пет години и стави тројца од сегашниот.

Како да го извадите најдоброто од Тони Крос?

Крос лани доминираше на СП во Бразил, но Карло Анчелоти тоа не го искористи минатата сезона на Сантијаго Бернабе. Дали Рафа Бенитез може да го поправи тоа и да го извади максимумот од Германецот кој може да даде многу повеќе во офанзивата на Реал Мадрид.

Кој си ја качи цената на Светско?

Скаутите за време на планетарниот фудбалски собир не ја меркаа многу играта на Роналдо, Меси, Нејмар и другите докажани играчи. Нивното око има задача да ги лови младите, надежните и талентираните. За нив потоа почнува битка на летниот трансфер пазарот.

Ноер ја погоди целта

Мануел Ноер освен што е еден од најдобрите голмани во Европа, докажа дека е добар и како играч. Минатата сезона реализираше пенал на финалето од ЛШ против Челси, а викендов по кратко жонглирање успеа од 50 метри да го погоди во глава соиграчот Тони Крос.