Во епоха кога фудбалот го зафати манија на розеви копачки и експерименти со Swarovski, во оваа игра останаа малку поборници на старата школа.
Главен претставник на оваа школа е Тони Крос, германскиот фудбалер кој остана верен на класиката иако неговите партнери од Реал Мадрид менуваат по неколку копачки во сезона.
Од 2010 година Крос игра исклучиво во бело-црни копачки adidas од линијата Adipure. Тони толку се приврзал за нив што во последните четири години одбива дури и да земе обновена серија од овој модел.
Сега во неговото шкафче има само два модели - adidas Adipure 11pro, произведени во 2013 и 2014. Бели се со три црни линии - едноставни и елегантни. Каков што е самиот Крос.
Adidas одамна го прекинал масовното производство на тие модели и неколку пати му предлагал на Крос да му направат нови специјални за него но тој не сакал и ги убедил дека подобро се чуствува во стариот носен модел.
„Не сакам ништо да менувам зошто во нив ми е комфорно“, рекол во интервју за сајтот на Реал човекот што со истите копачки постигна еврогол во 95’ минута од мечот против Шведска за победа.
Но Adidas не се откажал од својот најомилен играч. По пишување на шпанска Marca, на Тони во базата на Реал специјално му пратиле небесно сини копачки - брендот сакал да ги смени боите на новиот модел. Но Крос се откажал од нив зошто сакал да игра само во бели.
„Мене ми требаат обични кожни копачки без други елементи“, рекол Крос.
Сега тие сини копачки стојат во музејот на Реал. Ако одите на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид може да ги видите.
Во класичните бело-црни копачки Тони освои се што може да се освои: Четири пати стана првак во Лига на шампиони, го освои Светското првенство 2014 а синоќа ја спаси репрезентацијата од голема бламажа.
Тони Крос - претставник на старата добра школа кој не дозволи Шведска и Мексико во последното коло да играат нерешено и така Германија прерано да си оди дома.