Најдобриот тим во светот за 2020 година

Мануел Ноер, Тиаго Силва, Марсело, Серхио Рамос, Дани Алвес, Андрес Иниеста, Лука Модриќ, Пол Погба, Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо се во најдобриот тим за 2015-та. TheSPORTbible го состави како би изгледал за пет години и стави тројца од сегашниот.

ГОЛМАН

Мануел Ноер

Германскиот репрезентативец тогаш ќе има 33 години и би требало да остане во врвна форма. Давид Де Геа и Тибо Куртоа ќе му бидат конкуренција.

ОДБРАНА

Давид Алаба

Неговиот колега кој има 23 години ќе добие на искуство и тешко дека во најзрелите фудбалски години Баерн ќе го испушти од рака.

Рафаел Варане

Покрај Пепе и Рамос во одбраната на Реал, за Варане малку се зборува. Но тој е млад и има само 22 години. Неговото време допрва следува.

Едер Алварез Баланта

Стоперот на Ривер Плата кој е дел од селекцијата на Колумбија е поврзуван со трансфер во топ европски клубови. Врсник е со Варане и се очекува да биде еден од најдобрите централни дефанзивци во светот.

Цезар Аспликуета

Има 25 години и е одличен дефанзивец. На 30 ќе има уште поголемо искуство пресудно за да влезе во овој избор.

СРЕДЕН РЕД

Тони Крос

Реал Мадрид го испазари од Баерн Минхен, доказ дека игра само во светски клубови. Германскиот плејмејкер може да стане најдобар на планетава на негова позиција

Пол Погба

Има сè што е потребно за еден играч од среден ред од светска класа, а Јувентус ќе има многу тешкотии да го задржи. Погба има само 22 години и огромни шанси за Златната топка во иднина.

Марио Геце

Геце или Иско? Сепак Геце, човекот кој го реши финалето на Светското првенство 2014-та за кој сигурно ќе има место во најдобриот тим во светот.

НАПАД

Нејмар

Тој е иднината на фудбалот. Откако Меси ќе се пензионира, работите во Барселона ќе ги земе во свои раце.

Александре Лаказет

Предводник во играта на Лион е 24 годишниот француски напаѓач кој го споредуваат со Анри. Оваа сезона има постигнато 22 гола на 26 натпревари.

Еден Азард

Уште еден голем кандидат за Златна топка во иднина е Азард кој има извонредна техника и брзина, а игра во клуб со кој може сè да освои.

13 јануари 2016 - 21:00