Иако чесниот Јоаким Лев пред неколку месеци, откако сфатил дека играчите се презаситени од него а и тој од нив, понуди оставка, германскиот фудбалски сојуз не ја прифати и директорот на селекцијата Оливер Бироф изјави дека го убедил Јоги да остане селектор и натаму.
А со сила убавина не бидува.
Непријатностите на репрезентацијата на Германија никако да завршат: синоќа одново изгубија, овојпат 2:1 од светскиот шампион Франција на „Стад де Франс“.
Германците синоќа водеа на полувреме 0-1 со голот на Крос од пенал:
Тоа беше прв гол за Германија после три официјални натпревари (не дадоа против Јужна Кореа на Светско, против Франција и Холандија во Лига на нации), но во вториот дел Французите направија пресврт. Од последниот гол на Германците со Шведска на Светското кога од слободен удар исто гол даде Тони Крос, тие уште немаат погодок од игра.
По дебаклот од Холандија во Амстердам (3:0) пред неколку дена, Јоаким Лев синоќа направи пет измени во составот: Боатенг, Хектор, Џан, Милер и Хут останаа на клупа а од почеток тргнаа Шулц, Керер, Сане, Гнабри и Зиле.
Но ни тоа не им помогна и Германија не победи ниту на четвртиот меч по ред. Последен пат таква неславна серија Германците имале во 1999/2000, кога во квалификациите за Европско два пати изгубиле и два пати ремизирале.
Два порази по ред Германија не забележала цели 18 години. А воопшто во 2018-та изгубија дури 6 меча: 2 пријателски, 2 на Светско првенство и 2 во Лига на нации. Тоа е антирекорд на Германија затоа што претходно доживеале пет порази по ред во 1985 (тогаш играле во финале на Светско) и во 1956-та (тогаш станале Светски шампион).
Најдобриот француски фудбалер сега им 26 гола за репрезентацијата и го дели 10. место на листата најдобри стрелци со Силван Вилторд. Прв и натаму е Тиери Анри со 51 постигнат погодок.
Интересен факт: Кога Гризман дава гол Франција никогаш не губи - 18 победи и 2 нерешени кога тој е стрелец.
****
Од друга страна Јоаким Лев и натаму е спокоен:
„Разочаран сум од резултатот, но овој пораз е последица на тоа што го доживеавме во саботата. Овој пат сум задоволен од играта на репрезентацијата, бевме храбри, и се спротиставивме на можеби најдобрата светска селекција. После првото полувреме можевме да водиме 2:0. Ја видов епизодата со пеналот и мислам дека е неправедно досуден. Хумелс немаше контакт со Матуиди.
Лев зборуваше и за неговата позиција:
„Отказ? Јас немам такво претчуство. Зборував со претседателот на Федерацијата неколку пати после Светското и зборував после мечот со Холанѓаните. Имаме потенцијал и тоа ми дава доверба за во иднина.“
Претседателот на DFB Рајнхард Гриндел исто бил мирољубиво настроен: „Мислам дека денес бевме поизменети во однос на претходниот меч. За нас решавачки е развојот на екипата. Младиот тим покажа дека во неа лежи основата.“
Следниот меч Германија го игра на 15 ноември, пријателска против Русија.