Кај нас со право одамна е одомаќинето мислењето дека „Германецот не остава ништо на случајот“ и дека „кај нив нема трте-мрте и сè е црно на бело“. Во секоја област, па и во фудбалот.
Германската фудбалска репрезентација имаше многу тешки ривали во групната фаза, така што во нокаут рундата налета на Англија и тој меч би можел да стане последен за Јоаким Лев на местото селектор на репрезентацијата. Во Европа нема тренер кој управувал подолго од Лев со една селекција.
Човекот кој како лидер ја водеше Германија во лудачкиот меч против Бразил 1:7 и светско злато во 2014-та, сега пишува за лудачкиот натпревар на Македонија против неговата земја.
Во понеделникот вечер Германскиот фудбалски сојуз (DFB) објави: На Евро2020 репрезентацијата на Германија ќе ја води селекторот Јоаким Лев и нема никакви промени. Ова е дополнителен удар на интересот на германската јавност за бундестимот.
Германската фудбалска репрезентација губеше 0-2 од Швајцарија во 4. коло од Лига Нации, ама на крајот се избори за реми 3-3 и важен бод во групата каде Украина со 1-0 ја смрзна Шпанија. Бод на Германците им донесе Серж Гнабри со фантастичен гол.
Иако првиот случај на КОВИД-19 во Германија стаса дури 11 дена пред првиот случај во Италија, Германците најдобро од сите погодени големи земји ја менаџираа кризата. Благодарение на чесниот однос власт-граѓани-медицина, го изгаснаа пожарот и сега го враќаат фудбалот.
За бизнис потешкотиите на некогашниот сјаен десен бек на Баварците кои освои Лига на шампиони, Светско првенство, Бундеслига, ДФБ Покал и ред други трофеи.
Со головите на Лерој Сане и Марко Ројс, Германија славеше 0-2 во Минск и го преброди гостувањето кај Белорусија ама момент на мечот беше лудо храбриот дриблинг на голманот Мануел Нојер кој веќе ги навикна сите со коцкањето пред свој гол.
Во германскиот фудбал е бурно време. Рајнхард Гриндел, довчерашниот претседател на Германскиот фудбалски сојуз (DFB), кој го водеше сојузот од 2016-та, дал оставка поради корупциски скандал.
Фудбалерот на Арсенал го избрал претседателот на Турција за сведок на неговата свадба после што портпаролот на германското канцеларство бурно реагираше: „Разочарување за сите нас ако некој што го носел дресот на репрезентацијата толку долго направи таков избор“.
Како ретко кој во Европа, германските навивачи се борат против лошите појави фудбалот. Така еден навивач на Кајзерслаутерн смислил идеја како да се бори против казната на еден нивен фудбалер.
Ситуацијата во германската фудбалска репрезентација не била нималку наивна во изминатите неколку месеци. Се појавиле поделби кои придонеле за лоша атмосфера во соблекувалната. Селекторот Лев не направил драстични промени, туку „чепка“ по малку.
Клаудија е единствената жена во друштво на машки колеги на Мундијалот во Русија. Мажите тешко можат да се привикнат на тоа оазата да им ја нарушува „некој кој помалку знае за фудбал од нив“, но Нојман добила поддршка.
Лев веќе неколку години не ја освежи репрезентацијата. Германија освои злато на Европските првенства до 21 и до 17 години, но ниту еден член на тие талентирани генерации не доби шанса да ги смени индиспонираните Озил, Кедира, Милер и Марио Гомез.
На вториот ден по слетувањето во земјата домаќин на Мундијалот, Deutsche mannschaft го одржа првиот тренинг во базата Ватуники близу Москва и ги израдува присутните деца.
И покрај искрените обиди да објасни што се случило, Илкај Гундоган го исвиркуваше цела „Бај Арена“ во Леверкузен на последната проверка на Германија против Саудиска Арабија пред стартот на Светското. Високата десница бара укинување двојни државјанства.
Еден од двата гола од стадионот каде во 2014-та Германците го уништија Бразил со 1-7 е дониран за музејот на Германската фудбалска федерација во Дортмунд.