Славниот Кајзерслаутерн долги години не е тоа што беше и игра во германското фудбалско подземје. Но тоа секако не е причина судиите да судат бесмислено против нив.
Кајзерслаутерн минатиот викенд водел со 1:0 во германската трета дивизија на меч против Цвикау. Во 90’ минута напаѓачот на Цвикау влегол во шеснаесетникот и со лакт страшно силно го удрил Јан Лемансребен кој при падот ја допрел топката со рака и судијата досудил пенал.
Цвикау израмнил на 1:1 а Кајзерслаутерн останал без два драгоцени бода во финишот.
„Еј, ако ова не е фаул, да ми го јадеш газот“, му викал Лемансребен на судијата Маркус Воленвебер. „Ме удри со лакт по лице, како можеше да не видиш“?
Епилог: нерешен резултат и дисциплинско дело против фудбалерот поради навреди кон судијата.
„Ако овој е судија, не знам што да кажам. Треба да оди и да брои корнфлекс. Немам идеја што мислеше судијата, само се надевам дека нема да спие цела недела. Треба неколку недели да суди во Крајслига (8-ма последна дивизија во германскиот фудбал)“, рекол Лемансребен бесен по завршување на мечот.
Германската фудбалска федерација (DFB) не чекала многу и брзо отворила истрага за коментарите на Лемансребен кој го чека суспензија.
Поради оваа судиска неправда еден навивач на Кајзерслаутерн по име Питер Хамешмидт на Фејсбук предложил во знак на протест на фудбалските чиновници од сојузот да им пратат пченкарни снегулки (корнфлекс). Се договориле сите да ги пратат на иста адреса на 11 септември до 15:00 часот со цел да стигнат во исто време во сојузот.
Протестот го поддржале навивачи од цела Германија и праќале пакети со корнфлејкс. На социјалните мрежи може да се најдат фотографии од навивачи од Дрезден, Бремен, Хамбург, Минхен, Берлин и другите германски градови.
Според навивачот Питер Хамешмидт во германскиот фудбалски сојуз ќе стигнат околу 1.200 пакети со пченкарни и овесни снегулки. Само Хамешмидт пратил 18 пакети.
Wir sind dann mal #Cornflakeszaehlen. 😉 Die original verpackten Cornflakes wird der #DFB komplett an die #Tafel Deutschland spenden. #zeigtsuns #3Liga pic.twitter.com/fi13npcOgW
— 3. Liga (@DFB_3Liga) September 12, 2018
Претставниците на Германскиот фудбалски сојуз сега не знаат што да прават со снегулките и се зборува дека може ќе ги поделат по сиромашните лица и социјалните случаеви.