„Ние нема во целост да ја менуваме нашата игра. Но ќе има какви-такви измени. Одлуката за тотален посед на топка беше моја грешка. Ја освојувавме топката и не знаевме што да правиме. Сега повеќе внимание ќе посветиме на играта во одбраната - на Светското нашата одбрана ја пробиваа многу опасни контранапади“, изјавил Јоаким Лев пред вечерашниот меч против Франција во Лига на нации.
Ова е факт дека само оној кој не го познава Јоаким Лев очекувал смена на курсот и десет нови лица во составот. Селекторот на Германија сега решава поголеми проблеми.
ЕКИПАТА РАЗБИЕНА НА ДВА ЛАГЕРИ
Тоа дека во бундестимот имало раскол неодамна го потврдија и новинарите на Bild.
Знаци на неслога се јавиле уште во 2012 година кога репрезентацијата била поделена на два клана - баварски и дортмундски. Но за разлика од тогаш, сега расколот произлегол од национален предзнак.
„Странците“ (Боатенг, Рудигер, Гиндоган) за време на Светското постојано слушале рап музика, носеле скапоцени часовници, гардероба и возеле бесни коли. Не ја забележувале сериозноста на Матс Хумелс, стоперот на Баерн.
„Типичните Германци“ (Милер, Крос, Хумелс и др.) се однесувале поскромно и не биле баш воодушевени од однесувањето на колегите.
Селекторот Лев одамна требал да поразговара со фудбалерите, но тој како да „задремал“ и ја испуштил ситуацијата од раце. Сега се обидува да исправи се додека репрезентацијата не ја напуштиле уште некои „странци“ кои биле незадоволни од гестикулациите на Томас Милер кој го исмевал нивното однесување.
„Ние знаеме за тие проблеми и ќе направиме се за одново да станеме права екипа“, рекол менаџерот на германската репрезентација Оливер Бироф.
Сега на играчите им е забрането да ги напуштаат хотелските соби после полноќ што не било случај пред Светското.
СМЕНА НА БЛИСКОТО ОПРКУЖУВАЊЕ НА ЛЕВ
По смената на Ханс-Дитер Флик од местото помошен тренер на селекторот (јануари 2017), Лев не нашол човек кој би изразил сомневање во некои негови решенија и би му ги кажал. Флик (на фото горе) постојано дебатирал со Лев, ја корегирал неговата работа и настојувал да биде по негово.
При Флик играчите имале исцрпувачка аналитика за следниот противник.
Замената за Флик, Томас Шнајдер се покажал како удобна фигура за Лев: не дебатирал со него, немал висок степен на коректни информации за играта на противникот и поради тоа Германците одиграа мизерно на сите три меча во групата на Светското.
Летово Шнајдер го отпуштиле од репрезентацијата и сега одново се зборува за враќање на помошникот Флик.
ПРЕТЕРАНО НАПУМПАНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Германската делегација на Светското 2018 била составена од 100 до 135 луѓе. Во Бразил пред четири години кога станаа светски шампиони репрезентацијата била составена од 39 луѓе.
„Германскиот фудбалски сојуз одлучи за секој играч да има личен помошник кој скоро па ќе му ги врзува врвците од копачките. Не би ме изненадило ако во штабот воведеа посебна должност - вработен за велосипеди кои би им давал велосипеди на играчите и со ништо друго не би се занимавал“, напишал Марко Циглер, колумнист на StN.de.
На мајскиот собир и подготовките во Јужен Тирол, селекцијата немала ниту еден отворен тренинг за новинарите што го изнервирало претседателот на Баерн, Ули Хенес:
„Незамисливо. Луѓето треба да имаат можност да контактираат со ѕвездите а германскито фудбалски сојуз да им овозможи таква прилика. Ако барате 100 евра за карта од навивачите за меч против Фарски Острови и притоа криете се, тогаш не се чудете ако оддеднаш репрезентацијата веќе никој не ја следи“, искрено рекол Хенес.
Вработените во сојузот ветиле дека ќе ги послушаат овие сугестии.
ОЗИЛ ВЕЌЕ НЕ Е ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, КАМБЕК Е НЕВОЗМОЖЕН
Лев неколку пати му ѕвонел на Месут Озил по најавата дека ќе ја напушти репрезентацијата, но фудбалерот ги игнорирал повиците и разговарал со стручниот штаб преку неговиот агент.
Квалификацискиот циклус за Европското 2020 ќе почне без него.
„Тој направи личен избор. За мене тоа прашање е затворено“, кратко прокоментриал Јоги Лев.
Денес Лев држел двочасовна прес-конференција пред дербито со Франција.
На конференцијата тој открил дека решил да остане во репрезентацијата после долги разговори со Оливер Бироф. Рекол дека има мотивација и сила да се кренат по дебаклот во Русија.
КОИ СЕ НОВИ ЛИЦА?
19-годишниот фудбалер од средината на теренот на Баер Леверкузен Кај Хаверц веќе одиграл 55 меча и дал 7 гола во Бундеслигата. Ниту еден негов германски врсник не може да се пофали со таква статистика.
Тренерот на Баер Хајко Херлих го нарекол Хаверц најголем талент во Германија уште од времето на Тони Крос. Годинава Кај ја освоил наградата за најдобар играч до 19 години.
Одбраната ја освежил највисокиот германски стопер во моментов, Тило Керер. Тој игра на сите позиции во одбраната а може да помогне и зад средниот ред. На Лев одамна му требало млад универзалец со одлични перспективи. Чудно е што го викнал дури сега.
И на крајот, Нико Шулц - класичен лев бек од Хофенхајм кој за жал ќе мора да се бори за место во репрезентацијата со Јонас Хектор. Но Хектор во договор со селекторот Лев земал одмор за септемврискиот собир и тоа значи дека Шулц ќе игра во првите 11 во случај Лев да не се одлучи за формација со тројца одбранбени фудбалери и Сане во улога на лев крилен фудбалер.