Таг: томас милер

Со Милер на патос легнуваат играчите од смеа

Легендата на Баерн се сопна од белата трака поставена на тревата и толку од тренингот. Сите фатија да се смејат, од играчи од тренерот Компани. Томас на крај дури и рече дека ова ќе биде клип на месецот, печен за кликови.

Томас Милер е прв за терање мајтапи

Германската фудбалска федерација планира пред мечот Германија - Холандија на 14 октомври да организира церемонија во чест на Мануел Ноер, Томас Милер, Тони Крос и Илкај Гундоган кои одат во репрезентативна пензија. Него нас друго ни беше муабетот. За Милер, кој душа дава за Баерн, ама и за правење забава кај стигне.

Аплаузи за Лука Модриќ и Томас Милер

Одиме со два податока за две фудбалски легенди кои заслужуваат внимание. Од синоќа едниот е најстар играч во историјата на Реал Мадрид кој настапил во ЛШ, а другиот е прв Германец кој стасал до 150 натпревари во елитното натпреварување. Секоја чест.

Чуамени му влезе на Милер во програма

Иако ова е полуфинале, екипите се сериозни, а целта им е само трофеј и ништо под тоа, сепак играчите од типот на легендарниот Томас Милер знаат како да најдат време и за забава.

Милер е печен за тренер

Има 671 настап за Баерн, 225 гола, 257 асистенции, 32 трофеи и ги одигра сите сезони во ЛШ откако е во клубот од 2008-ма. Па зарем со тој габарит и искуство, треба некој друг да му дели совети на помошник тренерот, во ситуација кога Томас Тухел е суспендиран?

И Томас Милер жали за немилосрдната ждрепка ПСЖ - Баерн

Меѓу првите фудбалски ѕвезди кој се јави со видео реакција околу ждрепката за нокаут фазата во ЛШ е Милер. Искусниот напаѓач кој се изнаигра за Баерн, прво ги поздрави противниците на француски, а потоа изрази жалење што ќе мора една од овие две големи екипи да се прости уште во осминафинале.

11 шампионски титули - 11 голчишта на Милер

Во сенка е на Левандовски и важи за еден од најпотценетите, кој пали и гаси како играч од среден ред, крило, втор напаѓач, најистурен напаѓач. Универзален фудбалер кој повеќе од заслужено го има статусот на клупска легенда.

Цела Германија се држеше за глава по шансата на Милер

При резултат 1-0 за Англија, во 81’ минута Германците тргнуваат во еден контра-напад и искусниот Томас Милер излегува сам еден на еден со голманот Пикфорд. Сите веќе ја гледаат топката во мрежа, ама Милер промаши цел гол и разочара милиони германски навивачи ширум светот. А вакви шанси решавал како од шега во Бундеслига.

Томас Милер го изеде срамот очи во очи со голманот

Само 5 минути откако Стерлинг го отвори резултатот, Германците имаа чиста шанса за 1:1 во 81-ва минута, што ќе донесеше пеколен финиш на осминафиналето во Лондон. Но еден од најдобрите и најискусните играчи на Баерн Минхен и Германија, несфатливо го промаши цел гол кога излезе сам пред Пикфорд.

Еден е Томас

Легенда од калибарот на Лотар Матеус има 18 трофеи, Франц Бенекбауер 19. Оливер Кан ја заврши кериерата со 23. Швајнштајгер има 26, но никој како Томас Милер.

Зар вака од сега ќе се поздравуваат?

Германците почнаа со фудбал во кој забрането е поздравување, допирање, гушкање. Кога Томас Милер беше заменет, реши да се поздрави со нога. Некои сметаат дека гестот е недоличен кон тренерот, но неговата порака всушност е јасна, а тоа е да се почитуваат мерките.

Милер, корнер е во прашање, не испит за пилот

Дојде време кога Баерн Минхен и германската репрезентација полека но сигурно ќе треба да им се заблагодари за сè на некои ветерани како Томас Милер, Мануел Ноер, Жером Боатенг и други од таа генерација која освои многу трофеи со Баварците и „маншафт“, ама веќе е во позни фудбалски години.

Томас Милер стана борец на Мортал Комбат

Додека неговите колеги ги има обично само на игри од типот на ФИФА, напаѓачот на Баерн Минхен ќе биде попривилегиран за разлика од нив. Каква чест за Милер.

Минимум две години затвор за стартов на Милер

Баерн и Ајакс беа и онака пласирани во нокаут фаза и ова беше само една битка за првата позиција, а не за пехарот, така што чуму ваков монструозен фаул со крампони во глава? Како без памет го направи овој идиотски потег, па уште се буни, не било за црвен.

Што сменија Германците по дебаклот на Светското првенство?

Ситуацијата во германската фудбалска репрезентација не била нималку наивна во изминатите неколку месеци. Се појавиле поделби кои придонеле за лоша атмосфера во соблекувалната. Селекторот Лев не направил драстични промени, туку „чепка“ по малку.

Диети, забрани за телефони - како ќе изгледа новиот Баерн на Нико Ковач?

Нико Ковач успеал да смени многу работи во тренинг базата на германскиот шампион и играчите се навикнале на неговите методи.

Најверните 8 фудбалери од најсилните европските лиги

По 24 години Франческо Тоти и Рома се разделија. Има и други играчи кои им одолеале на понудите и останале во ист дрес покрај истите навивачи, но никој толку време како него. Ова се осуммината актуелни фудбалери од кои треба да се учи лекцијата по верност.

Ма каков офсајд

Ај да ги доругаме судиите кои заслужуваат ругање. Освен поклонетиот пенал во корист на Баерн Минхен по кој Видал гаѓаше во чавки, на дуелот меѓу титаните имаше уште еден доста спорен момент со Милер кој веројатно е во дозволена позиција.

Ни Милер веќе не е тоа што беше

Секако, Баерн ги сака и цени своите лидери. Но повеќе ги сака трофеите така што нема правила дека на некоја ѕвезда ќе му даде повеќе време да ја најде формата. Не си спремен да му помогнеш на клубот да победува? Има такви кои ќе го направат тоа место тебе

Како Томас Милер ги избегна новинарите со пасош

Германскиот репрезентативец на досетлив начин реши да не арчи време во разговор со новинарите кои го чекаа за изјава. Пасошот го користеше како мобилен телефон и се правеше дека збоува.

Во пресрет на Баерн Минхен - Дармштад

Последен пат кога овие две екипи се сретнаа во Бундеслигата, Томас Милер го постигна еден од најубавите голови во кариерата. Инаку нивниот дуел се игра во недела 15:30.

Румениге пак се закача со Сан Марино

Очигледно дека одговорот кој цела Европа го дочека со аплауз не им беше доволен, па работниците во германскиот фудбал пак се фатија за Сан Марино.

Џабе сте најдобри во свет кога носите сандали со бели чорапи

Германците во петокот со 0:8 го победија Сан Марино што беше причина некои нивни репрезентативци со омаловажување да коментираат за противникот кој на крајот не остана должен.