Монструозниот фаул на Томас Милер на мечот од ЛШ против Ајакс се виде уште во старт дека има потенцијал за нешто повеќе од фудбал, а го препознаа луѓето кои се должни за развој на познатата видео игра Мортал Комбат.
„Ги следевме движењата на Томас Милер внимателно и сметаме дека се поклопуваат со тоа што го бараме во нашата игра. Милер е лик кој нема толку јако атлетско тело и некоја посебна физичка сила, но тој може добро да маневрира и плус слабата физичка сила може да ја компензира со брзина и хумор“.
„Во прилог на опасните удари, Милер ќе добива можност да се жали ако неговиот противник направи некој нефер напад. Тоа ќе му овозможи да му создаде на противникот слободен удар во ребрата во клучни моменти“, објаснува Тимоти Хетфилд.
Според него, најозогласениот потег на Милер сепак е неговиот завршен потег “фаталност“ со кој тој го удира противникот во глава, а дозволува да лета крв 50 метри.
Потегот кој беше инспирација за дечките од Мортал Комбат.