Дами и господа, од синоќа Германија го има новиот рекордер по број на трофеи. Се вика Томас Милер и тој сега е најтрофеен германски фудбалер во историјата со 27 комада. Му избега на Бастијан Швајнштајтер, откако синоќа Баерн го зграпчи и германскиот Супер Куп.
Стар бил, потрошен, испукана пушка или не знам ти што. Како стар кога Милер има 31 година, а до фасцинантната бројка стигна за 12 години кариера, сите во Баерн. Во просек излегува дека освојува по нешто повеќе од два во сезона.
Дечкото е легенда и каде и да го ставиш ќе се снајде. Универзален играч кој може да игра во средина, како втор шпиц, истурен во напад или на крило.
Милер е производ на Баерн кој дебитираше на 15 август 2008-ма откако влезе место Клосе на последните 10 минути од мечот против Хамбург и сега е во друштво на 10 играчи на клубот со минимум 500 настапи.
Постигна 23 гола во сезоната 2012/2013 кога Баварците ја освоија тројната круна, а во Бундеслига стигна до рекордни 21 асистенција, примат кој на пример во Ла Лига го држи Меси.
Во 2020-та освои: Првенство, Куп, Супер Куп на Германија, Супер Куп на Европа и Лига на шампиони.
— FC Bayern English (@FCBayernEN) October 1, 2020