ТРЕНИНЗИТЕ СТАНАЛЕ ПОИНТЕРЕСНИ И ПОЧЕСТИ
Ковач сака да повторува дека современите фудбалери тренираат малку. „Погледнете ги индивидуалните спортови. Луѓето таму секој ден се во сала по неколку часа. Зошто па ние во фудбал да ги штедиме играчите?“
Кога заминал од Ајнтрахт, на прошталното обраќање им се извинил на играчите за своите строги методи: „Простете ако бев жесток и груб со вас. Ве мачев не затоа што така јас сакам, туку зошто никогаш немаше да направиме успех.“
Со Анчелоти на клупата играчите на германскиот шампион практично не тренирале. Италијанецот ги држел по 45 минути (за тоа време на пример Арјен Робен и постарите фудбалери едвај стигнувале до теренот). Анчелоти и ретко присуствувал на тренинзите. Таму го заменувал некој од неговите помошници. Хајнкес исто не ги форсирал играчите поради страв од повреди.
Денес фудбалерите на Баерн Минхен тренираат во просек по 2,5 часа на ден без паузите во кои гледаат експресни анализи. Притоа во екипата никој не се жали на претерано угнетување, напротив, бараат понапорни тренинзи.
ПРЕСИНГ БЕЗ ПРОБЛЕМ
Ковач не смета дека за Баерн да победува мора задолжително да ја има повеќе топката во свој посед.
„Во 80% од случаевите контролата на топка не води никаде. Ќе се отргнеме од противникот. Екипата треба да ја гледа конечната цел секој пат кога ќе ја има топката.“
НИТУ ЕДЕН ТРАНСФЕР
Баварците летово не шопингуваа на трансфер пазарот. Се засилија само со Леон Горетцка кој дојде бесплатно во Минхен како слободен играч (формално купиле еден млад Канаѓанец од МЛС за 10 милиони евра, но тој ќе биде достапен дури од следната година).
До затворањето на преодниот рок во Германија останаа уште неколку дена.
Интересно, Баерн во летниот преоден рок трошеше огромни суми пари за засилувања. Во летен преоден рок во Минхен доаѓаа:
Во 2011/2012 Мануел Ноер за 52 милиони евра, во 12/13 Хави Мартинез за 70 милиони евра, 13/14 Марио Геце за 62 милиони, во 14/15 Мехди Бенатија за 53 милиони евра, во 15/16 Артуро Видал за 87 милиони евра, во 16/17 Матс Хумелс за 70 милиони евра, во 17/18 Корентин Толисо за 103 милиони евра а летово без надомест дојде Леон Горетцка.
Има две причини поради кои Баерн не се реши да троши летово. Прва е што управата не била фрапирана од засилувањата на конкурентите и одлучиле дека актуелниот состав кој освои две титули во Бундес и имаше успех во Лига на шампиони може да тера и натаму, а втора е што се спремаат следната година да потрошат многу.
Баварците за во иднина планираат да потрошат 43 милиони евра на трансфер на Хамез Родригез кој се врати во Реал Мадрид после позајмицата и Бенџамин Павар кој според Transfermarkt чини околу 40 милиони евра.
„Рекордмајстер“ го задржи Роберт Левандовски затоа што не му најде достојна замена. На средината на теренот по заминувањето на Артуро Видал таков профил на играч остана само Хави Мартинез а на местото од стоперот Џером Боатенг веќе одамна Баварците бараат достојна алтернатива.
Време има уште но Нико Ковач веќе го уиграл првиот тим и нема потреба од нови фудбалери.
ЗАБРАНА ЗА СМАРТФОН
Тешко дека сезонава ќе се нагледаме инста-стори од секојдневнието на суперѕвездите на Баерн. Од сезонава на играчите им е забрането да носат мобилни телефони во базата на клубот.
Ковач им ги ограничил досегашните слободи но многу играчи на почеток ја игнорирале неговата забрана за смартфони.
Левандовски продолжил да пишува на WhatsApp додека седел во собата за масажи, а Франк Рибери за време на ручекот на екипата стискал лајк на објави на Милер.
„На ручекот сме должни да разговараме еден со друг, а не да гледаме во телефоните. Освен тоа мислам дека радијацијата е штетна“, изјавил хрватскиот тренер.
РЕСТРИКЦИИ НА ХРАНА И ДИЕТИ
Баерн на барање на Ковач ангажирал диетолог кој ќе разработи програм за секој индивидуално во екипата и ќе следи дали во организмот на фудбалерот има нешто непотребно.
Хрватот е спремен 24/7 да го следи здравјето на играчите.
Тој постојано ги советувал да пијат млако загреана вода за да им се подобри метаболизмот.
„Да не бев тренер ќе учев сигурно за спортски директор“, вели Ковач на новинарските прашања колку ги следи играчите.
ЕДНА ФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ КАТЕГОРИИ
Слабата продуктивност од сопствената фудбалска школа во последно време силно удира по самоволието на Баварците и затоа со младинските школи лично се занимава претседателот Ули Хенес.
Спортскиот директор Салихамиџиќ ветил дека сите младински категории на Баерн ќе играат по формацијата на Нико Ковач со цел новиот тренер да може да изнедри нови деца во првиот тим.
Тренерите на јуниорите и младинците на Баерн, Јохен Зауер и Херман Герланд формацијата 4-3-3 што ќе ја игра првиот тим, ќе ја имплементираат и со децата.
Првпат после долго време работи со младинците еден од клучните показатели на ефективноста ќе биде тренерската работа. За случајот „Ренато Санчез“ Нико Ковач вели дека ќе биде негов личен професионален предизвик и ќе се обиде да ја спаси кариерата на Португалецот кој на времето беше најголем талент во Европа а сега го нема на фудбалската мапа.
„Јас гледам како работи на тренинзите и мислам дека заслужи уште една шанса“, вели хрватскиот тренер за Санчез.
РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ НА ГЕРМАНИЈА СЕ НАЈМОТИВИРАНИ ВО ЕКИПАТА
Сите германски репрезентативци од Баерн сакаат што побрзо да го заборават дебаклот во групата на Светско. Милер, Хумелс, Ноер и Боатенг никогаш во кариерата не доживеале таков пораз.
Тие сега се свесни дека ќе мора да се оправдаат за слабите настапи на Мундијалот.
„Со многу соиграчи сфативме дека треба да дадеме одговор за кошмарниот резултат на Германија. Верувајте ми дека летово дознав дека поразот може да биде причина и за физичка болка и со сите соиграчи го преживеавме тоа. Мотивиран сум како никогаш досега пред стартот на сезоната“, рекол Томас Милер.