Финансискиот плус, фантастичната состојба, редот и поредокот во клубот не можат да ја намалат болката по испаѓањето од Лига на шампиони, па Баварците се решени после неколку години да ја одврзат вреќата со пари.
Баварците три пати мерат - еднаш сечат. Кај нив ретко може да се случи изборот за нов тренер да не помине низ неколку скенери. Еднаш им се случило на Клинсман да му дадат повеќе слобода и работите избегале од контрола. Сега му се доверија на нивен човек.
Минатата недела браќата Нико и Роберт Ковач ги продолжија договорите со Ајнтрахт Франкфурт до 2019. година. Не дозволија „орлите“ да испаднат лани од Бундеслига, а сега хрватските специјалисти го носат тимот во зоната на евро-куповите.