***
Јануари 2015. Баерн на подготовки во Доха. Пеп Гвардиола со свирче во уста шета по теренот и долго им објаснува на играчите што очекува од нив.
За тоа време од страна целиот тренинг го набљудуваат двајца мажи кои стојат подалеку. Едниот во црна маичка и наочари за сонце држи во раката нотес и постојано зборува со тој де него. Парот брзо привлекол внимание врз себе и кон нив тргнала толпа навивачи во црвено.
- Нико, те молам, потпиши ми се на дресов!
- Роберт може ли потпис?
Во тој момент веќе имало 12 години како браќата Ковач не играле за Баерн но навивачите не ги заборавиле.
***
Пред неколку недели кандидатурата на Ковач-постариот за тренер на Баерн ја покренал Хасан Салихамиџиќ. Во разговор со претседателот на клубот, Брацо ја потенцирал „баварскат ДНК“ на хрватскиот тренер кој добро ги знае особеностите на клубот и верен е кон управата.
Ули Хенес одобрил моментално. На „Алијанц Арена“ тогаш имало неколку опции и Баерн не го добиле тренерот кој сите го сакале: некои биле за продолжување на договорот со Хајнкес а некои за Томас Туухел.
***
Во 2008 година Баерн бирал тренер по истите принципи како денес. Успешен стручњак по можност претходно да настапувал за клубот и да зборува германски. Поранешниот селектор на Германија Јирген Клинсман се вклопувал во тој профил.
Клинсман уште не почнат со работа во Баерн а веќе распоредил четири статуи на Буда од бел камен пред тренинг центарот и им додал неколку табли со мудрости изречени од древниот мудер.
Како што објаснил Клинсман тоа го направил „за правилно однесување и добивање животна енергија“. Но Буда не го спаси клубот од најлошата сезона во ХХI век и Клинсман брзо го избркаа.
Денес веќе тренерот не може да си дозволи таква слобода во Минхен. Ули Хенес и Румениге нема да му дадат на Нико Ковач целосна слобода над екипата, ќе го корегираат неговото јавно поведение и за сите стратешки измени во однос на филозофија на игра и кадровски решенија ќе мора тие да бидат согласни.
Нико веќе стана успешен тренер токму поради тоа што работеше како што мислеше дека треба и таква контрола од горе нема баш да биде од полза.
***
Некогашниот асистент на Нико Ковач во Ајнтрахт (тимот обезбеди финале на Куп втора година по ред и се бори за Лига на шампиони) Армин Ројтерсхан го споредува Хрватот со вулкан кој секоја минута може да избие со нова идеја.
„Дајте да си признаеме сами на себе: ние сме екипа која ќе потклекне пред повеќето конкуренти, но тоа не значи дека сме послаби. Наша задача е да се развиваме во друга насока. Тактиката и убавата игра не се единствени средства да ја достигнеме целта. Треба да работиме на физичка подготвеност“, вака го почнал говорот Нико Ковач пред почетокот на оваа сезона.
После овој говор Ајнтрахт Франкфурт го започнал 7-неделниот пекол. Фудбалерите лелекале од болки, пателе и биле истрошени од макотрпните тренинзи, но после еден месец дошле првите резултати.
Просечна тренинг сесија при Нико Ковач трае повеќе од 2 часа (до 150 минути). Овој податок добро ја покажува издржливоста на играчите на Ајнтрахт сезонава.
Тимот во кој немало технички надарени фудбалери имал 20 спремни борци. Во таква поставка десниот бек ја игра најдобрата сезона во животот, а напаѓачите регуларно вршат пресинг врз противникот.
Ќе пројде ли такво нешто во Баеерн? Можно ли е еден Левандовски да трча како луд по противничките стопери? Или Видал да го натераш да прави нешто што не сака? Велат, изборот на Ковач не е баш најдобра идеја.
***
Нико Ковач важи за голем верник. Минатата сезона пропуштил една прес-конференција во Страсната седмица зошто морал да оди во црква на миса. За него семејството е најважно во животот на еден човек - од таа причина кога стоперот Џетро Вилијамс требал да го напушти тимот за да оди на погреб на роднина, Ковач без проблем му дал три слободни дена.
Притоа Ковач не трпи кога не ги почитуваат неговите одлуки. Тој често сака меѓу стручниот штаб и играчите да нема дистанца: Во соблекувалната јас сум главен. Ние просто губиме време ако пред секој меч јас слушам неколку различни мислења и пробувам да им угодам на сите“, вели Ковач.
***
Ајнтрахт Франкфурт важи за најинтернационалната екипа во Бундеслигата (во составот има фудбалери од дури 18 различни земји). Ковач ретко на терен да прати двајца германски фудбалери во истовреме но тоа не му смета.
Во Баерн ќе мора да се прилагодува на некои работи. Како на пример на формацијата. Негова омилена поставка е 3-1-4-2 (и 3-4-2-1) но тоа ќе биде минато затоа што Минхенците морално играат со четворица позади.
***
Кевин Принс-Боатенг, некогашниот играч на Милан, Херта и Борусија Дортмунд вели дека 90% од успехот на Ајнтрахт сезонава е заслуга на Нико Ковач. Но Нико вели дека без помошта на брат му Роберт тој не би успеал.
Роберт Ковач обично стои во сенка, не сака да дава интервјуа и да се фали со улогата асистент. Тој е задолжен за комуникација со играчите, да ги сослуша нивните жалби и незадоволства. Неколку пати Ковач-помладите успеал да смири неколку ситуации внатре во колективот.
Нико сигурно ќе го носи својот брат и во Баерн а како таму ќе се справат со ѕвездите останува да видиме по 1. јули за кога е закажана неговата промоција во Минхен.