Во март 2016 година, тимот на Ајнтрахт Франкфурт беше во лоша состојба. Довербата во тренерот Армин Фех опаѓаше на секој меч, вербата на навивачите во нивниот „фудбалски Бог“ Александр Мајер постепено испаруваше. Полоши од Ајнтрахт тогаш беа само Хановер и Хофенхајм.
Управата се реши да го смени Армин Фех со Нико Ковач, а на Хрватот му дадоа договор до крајот на сезоната со опција да се раскине ако Ајнтрахт испадне од Бундеслигата. Во спас на Франкфурт не верувал никој.
Хрватот не можеше веднаш да ја смени ситуацијата во клубот, но четирите победи од кои три беа на домашен терен им овозможија на навивачите да веруваат во опстанок па макар преку баражот каде капитенот Марко Рус ја испиша мелодрамата на крајот од сезоната.
Франкфуртските „орли“ се спасија, а во исто време капитенот на тимот Рус го победи ракот и целата приказна заврши со среќен крај.
Но животот продолжи и во новата сезона Ајнтрахт заигра на сосема друго ниво. На трансфери потрошија само 2,2 милиони евра, а тимот под раководство на браќата Ковач стана „силеџиски“ и никому не дозволи да ги кажува правилата, особено не во нивниот двор.
Тоа што Ајнтрахт Франкфурт не загубил на домашен терен од април месец, го оправдува фактот дека „орлите“ важат за најгрубиот домаќин во Бундес сезонава. Добија 24 жолти и дури три црвени картони во борбата да го сочуваат домашниот терен. Така на пример против Баерн Минхен се спасија од пораз, а против Шалке со груба игра освоија три бода.
Ајнтрахт во моментов е чист одраз на својот главен тренер и неговиот помошник. Емотивниот фајтер Нико Ковач и неговиот спокоен и самоуверен брат Роберт кој играше во центарот на одбраната. Браќата успеаа да во тимот да обединат балканска експлозивност, германска стабилност и способност да се добие резултат.
Командант на одбраната е 30-годишниот Аргентинец Давид Абрахам, а до него одлична сезона игра детето на Реал Мадрид Хесус Ваљехо кој во Франкфурт дојде заедно со Омар Маскарел исто дете на Реал во кој Нико гледа негова инкарнација на средината од теренот.
Голема улога во седумте сезонски победи на Ајнтрахт има и Мексиканецот Марко Фабиан кој се преобрази во универзалец и способен е да игра зад напаѓачите или како втор шпиц.
Жестокиот и агресивен фудбал кој го промовираат „орлите“ им принесува плодови. Клубот се засидри во зоната на Лига Европа и бодовно е блиску до Борусија Дортмунд. Ајнтрахт е непоразен на осум меча по ред а тоа е во најголем дел заслуга на браќата Ковач.
До крајот на годинава, на Франкфурт му останаа уште два меча, во кои гостуваат кај Волфсбург а дома играат против нестабилниот Мајнц. Тоа значи дека се стекнати предуслови тимот на Ковач непоразен да ги дочека новогодишните празници.