
На тренерите на Борусија Дортмунд и Јувентус синоќа им се случи дежа ву. Тоа е резултат на историјата која ја повторија во Лига на шампиони со идентичен и редок фудбалски резултат.
И тогаш беа во две спротивни екипи и тоа исто како и сега, едната германска, другата италијаска. Исто во септември и исто во прво коло од Лига на шампиони.
Се работи за средбата Хамбург - Јувентус 4:4, која се одигра на 13 септември 2000-та.
Игор Тудор тогаш го постигна првиот гол на средбата во 6 минута за 0:1, а Нико Ковач претпоследниот во 82-ра.
За Германците стрелаа уште и Тони Јебоа, Меди Мадавикиа и голманот Ханс Бат од пенал, а за Јуве Пипо Инѕаги постигна хет-трик.
Тотално луда вечер во Лига на шампиони: Јувентус и Борусија дадоа 8 гола во второ полувреме