Тотално луда вечер во Лига на шампиони: Јувентус и Борусија дадоа 8 гола во второ полувреме

Човек да не знае од каде да почне кога е во прашање отворањето на новата сезона во Лига на шампиони. Вечер каква што не се памети. Во Торино после досаден прв дел и 0-0 никому на памет не му падна што ќе следува. 8 гола од кои некои спектакуларни, два во судиско продолжение за конечни Јувентус - Борусија Дортмунд 4-4!

На стадионот на Јувентус вечерва Борусија прва поведе преку Карим Адејеми. Јувентус израмни со нов неверојатен гол на Кенан Јилдиз но гостите од Германија одново ја вратија предноста преку Нмеча.

Нововлезениот Душан Влаховиќ израмни на 2-2 но Дортмунд не само што не се предаде туку отиде на огромна предност од 2-4 со головите на Коуто и Бенсебаини од пенал. Во длабоко судиско продолжение, во 90+4 минута прво Душан Влаховиќ намали на 3-4 а бекот Кели во 90+6 ги постави конечните 4-4!

Реал Мадрид успеа со играч помалку откако Карвахал доби заслужен црвен картон да го совлада Олимпик Марсеј со два гола од пенал на Килијан Мбапе.

Бенфика изгуби дома од шампионот на Азербејџан Карабаг 2-3 после пресврт.

РЕЗУЛТАТИ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1. КОЛО:

БЕНФИКА - КАРАБАГ 2-3 (2-1)

ЈУВЕНТУС - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 4-4 (0-0)

 

РЕАЛ МАДРИД - МАРСЕЈ 2-1 (1-1)

ТОТЕНХЕМ - ВИЉАРЕАЛ 1-0 (1-0)

АТЛЕТИК БИЛБАО - АРСЕНАЛ 0-2 (0-0)

ПСВ АЈНДХОВЕН - УНИОН СЕН РОЈАЛ 1-3 (0-2)

16 септември 2025 - 22:57