Баерн се остри како никогаш досега, спремни да се мерат со шеиците

Финансискиот плус, фантастичната состојба, редот и поредокот во клубот не можат да ја намалат болката по испаѓањето од Лига на шампиони, па Баварците се решени после неколку години да ја одврзат вреќата со пари.

Пред две години во интервју за Sport-Information-Dienst, претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес ги осудил многумилионските трансфери во последно време и кажал дека неговиот клуб никогаш нема да учествува во такво безумие.

„Финансиски фер плеј? Може да ја фрлите таа идеја во урна. Јас не верувам во тие ограничувања. Веќе одамна научија како да ги заобиколуваат, апсолутно легално и без големи проблеми. Тешко е да се рамниш со тие кои водат нечесна игра“, рекол Хенес кога гостувал во шоуто на Јорг Вонтор Der Fussball-Talk.

Но кога веќе сфатил дека не може да биде конкурентен со оние кои трошат страшни милиони, Хенес решил да го заврти курсот. Оваа пролет најави грандиозна трансфер кампања каква што досега немало во Баерн. „Спремни сме да платиме за еден играч 50, 60 па дури и 80 милиони евра, ако таа позиција е проблематична за нас“.

Општата сума за летните трансфери стигнала до 200 милиони евра.

До денешен ден најскап рекорден траснфер во историјата на Баварците беше Корентен Толисо кој за 42 милиони евра дојде од Лион. За тоа време и уште порано, ПСЖ плати 222 милиони евра за Нејмар, Јувентус 117 милиони евра за Роналдо, Реал 94 милиони евра за Роналдо, Манчестер Сити 57 милиони евра за Менди, Барселона 120 милиони за Дембеле, Сити 76 милиони евра за Де Брујне, Челси 66 милиони за Мората.

ДАЛИ НА БАЕРН МУ ФАЛАТ ПАРИ ВООПШТО?

Најголемиот германски клуб не зема кредити и не ја става „Алијанц Арена“ под хипотека за да покрива расходи. Почнувајќи од 2013-та, кога финансискиот директор на клубот стана Јан Кристијан Дрезен, минхенците регуларни рушат рекорди по финансиски плус.

Дури и во бледата сезона 2016/2017 кога испаднаа во четвртфинале на ЛШ и изгубија во полуфиналето на германскиот Куп, тие имале топ показатели (обрт од 641 милион евра).

Минатата година Баерн Минхен 26-ти пат по ред ја завршил годината во плус, а сопствениот капитал им нараснал до 451 милион евра. Сезонава беа на трансфер диета и си го дозволи само младиот Алфонсо Дејвис за кого платија 10 милиони евра.

Во следните 10 години Баерн Минхен ќе добие од adidas 700 милиони евра. Со таков богат партнер, суперклубот ќе може да си приушти многу ѕвезди.

Во меѓувреме постои веројатност гигантот BMW за 150 милиони евра да ги откупи акциите на Audi во Баерн (околу 8,3%) и да стане нов стратешки партнер на клубот. Хенес потврдил дека преговорите се водат.

„Зголемувањето на финансиската моќ ќе ни дозволи да направиме неопходни инвестиции за екипата да биде конкурентно-способна во елитниот европски фудбал“, рекол финансискиот број 1 во клубот Дрезен кој дал благослов за луд летен шопинг.

ЗОШТО БАШ СЕГА БАЕРН ЌЕ ТРОШИ МИЛИОНИ?

Управата на клубот тешко го доживеала домашниот пораз од Ливерпул и испаѓањето од Лига на шампиони. Три дена по елиминацијата репортерите на германски Sky го начекале Ули Хенес во микс-зоната по мечот Баерн - Мајнц (6:0). Претседателот признал искрено: „Да, болно ми е кога ќе се сетам на тој пораз. Ќе треба време да прежалиме“.

Во Баерн, интересно, периодично настапуваат такви времиња кога клубот решава да ја отвори кесата и да троши многу. Пред 12 години после богато трошење, во составот дојдоа младиот Клосе, Лука Тони и Франк Рибери.

Целиот проблем не е во тоа што Баерн веќе не води главен збор во еврокуповите, туку тоа што екипата престана да биде интересна за секој друг освен за навивачите. Топ клубовите немаат право да бидат скромни, затоа што губат интерес кај публиката.

Во ноември 2019 во Баерн ќе се одржат избори за претседател. Нема интриги, се оди натаму Ули Хенес да биде избран за уште три години. Хенес во 2022 година на истекот од новиот мандат ќе има 70 години и тој уште од сега размислува кому да го остави родниот матичен клуб кој е во идеална финансиска состојба и има супер состав.

Хенес не зборувал за имиња, туку рекол дека неговиот наследник ќе мора да работи по 8 часа на ден, да ја сака својата работа и да се справува со тешкотиите.

ВЕЌЕ КУПИЈА НОВИ ЗАСИЛУВАЊА А СПРЕМААТ И НОВИ ПОГОЛЕМИ

Баварците полека спремаат наследници за Хумелс и Боатенг, па затоа тргнаа од одбраната. Ги купија Бенжамин Павар, францускиот десен бек за 35 милиони евра од Штутгарт. Павар се прослави со најубавиот гол на Светското 2018 против Аргентина.

Тој потпишал со Баерн и од јуни ќе се пресели во клубот за кој изјави дека многу го сака.

Лукас Ернандез е досега најголемото и најскапото засилување на Баерн Минхен. Германците уште минатата зима сакаа да го пазарат левиот бек на француската репрезентација кој игра за Атлетико Мадрид. Шпанците прво одбиваа, но подоцна понудата порасна и Баерн веќе ја уплатил првата рата од 40 милиони евра. Целиот трансфер ќе ги чини 80 милиони евра и ќе биде рекорден во историјата на Баерн.

Ернандез ќе заработува годишно 13,5 милиони евра а од него повеќе ќе земаат само Милер, Левандовски и Нојер.

Клубот од Алијанц Арена го купи и Јан-Фите Арп (19), германскиот талент кој игра како напаѓач во Хамбург. Нему му е даден избор, да дојде во Баерн кога сака или ова лето или следното до кога би бил позајмен.

КОЈ УШТЕ ТРЕБА ДА ДОЈДЕ?

Никола Пепе, 23 години

Пепе е втор стрелец после Килијан Мбапе во француската лига (17 гола и 11 асистенции досега). Хенес вели дека трансферот на Пепе во Баерн е реалистичен. За фудбалерот од Брегот на Слонова Коска веќе се заинтересирани дури 9 топ клубови од Европа, а како што соопшти beIN Sports France, Баерн понудил дури 80 милиони евра за него!

Тимо Вернер, 23 години

Според информациите на sport1.de, луѓето од Баерн веќе се сретнале со претставниците на Ред Бул Лајпциг и менаџерот на фудбалерот. Лајпциг е заинтересиран поскоро да го продаде центарфорот на германската репрезентација затоа што Вернер не планира да го продолжи договорот кој истекува за една година.

Постои можност Баерн да го почека Вернер и да го добие како слободен играч без обештетување (случајот со Левандовски од Дортмунд во 2014).

Лука Јовиќ

На Баерн Минхен му треба напаѓач кој би ја разбил монотонијата во шпицот. Скаутите на Барселона сезонава дури 14 пати го гледале српскиот репрезентативец во живо на стадион.

Каталонците се спремни за Јовиќ да одвојат околу 50 милиони евра, а Ајнтрахт Франкфурт за својот најдобар шпиц бара не помалку од 65 милиони евра (необично, Лука формално и натаму е играч на Бенфика позајмен во Ајнтрахт, но на крајот од годината Германците ќе го искористат правото на откуп договорено претходно за 7 милиони евра).

Баерн минатиот петок пратила официјална понуда до Ајнтрахт вредна 60 милиони евра.

Калум Хадсон-Одои, 18 години

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ изјавил дека за Хадсон-Одои ќе се борат до последно. Во јануари му понудиле на Челси 40 милиони евра, но англискиот клуб одбил. „Тоа е фудбалер кој најмногу го сакаме. Идеално ни одговара. Свесни сме за тешката ситуација во Челси (трансфер-банот од ФИФА на година дена), но таа не не залажува. Летово ќе имаме уште еден обид да се договориме“.

Челси откако увиде каков бисер има во своите редови за кои се тепа пола Европа, а они не го играат, на крај се опамети и му ја зголеми платата до 70.000 фунти месечно за тој да не преговара со други. Но како да не преговара кога Баерн Минхен му ја нуди 10-та на Арјен Робен.

КОЈ ЌЕ СИ ЗАМИНЕ?

Карл-Хајнц Румениге рекол дека ќе биде среќен ако екипата во скоро време се подмлади и има просечна возраст до 24 години. Тоа значи дека ќе се збогуваат со ветераните.

Робен и Рибери - двете големи легенди на клубот кои донесоа еден куп трофеи во Минхен, се во позни години и веќе често се повредуваат па се први на списокот за напуштање на клубот.

Санчеш и Рафиња - двајцата таленти се незадоволни од минутажата, слабо играат кај Нико Ковач и отворено зборуваат за тоа. Ковач кон таквите играчи се однесувал мошне незгодно. Рафиња кариерата ќе ја продолжи во Фламенго.

Постои веројатност да замине и Боатенг, но шансите за такво нешто се 50/50. Џером би требало да остане и следната сезона во која би ја предводел одбраната со Хумелс, Ернандез и Павар.

СЛУЧАЈОТ ХАМЕС РОДРИГЕЗ

Позајмицата на Колумбиецот од Реал завршува наскоро. Ули Хенес изјавил дека за перспективата на Хамес треба да се праша тренерот Ковач. Ако тренерот реши дека 27-годишниот напаѓач му е потребен, тогаш ќе ја активираат клаузулата од 42 милиони евра и ќе го откупат од Реал.

Во последното коло од Бунеслигата пред паузата за квалификации за ЕП, Хамес даде хет-трик но веројатно Ковач и натаму не го гледа во тимот затоа што недоволно се трудел на тренинзите.