Томас Милер го изеде срамот очи во очи со голманот
Само 5 минути откако Стерлинг го отвори резултатот, Германците имаа чиста шанса за 1:1 во 81-ва минута, што ќе донесеше пеколен финиш на осминафиналето во Лондон. Но еден од најдобрите и најискусните играчи на Баерн Минхен и Германија, несфатливо го промаши цел гол кога излезе сам пред Пикфорд.