И Томас Милер жали за немилосрдната ждрепка ПСЖ - Баерн
Меѓу првите фудбалски ѕвезди кој се јави со видео реакција околу ждрепката за нокаут фазата во ЛШ е Милер. Искусниот напаѓач кој се изнаигра за Баерн, прво ги поздрави противниците на француски, а потоа изрази жалење што ќе мора една од овие две големи екипи да се прости уште во осминафинале.