Таг: жером боатенг

Дуелот во кој Меси го нарани Боатенг со трева

Убаво е кога ќе налета човек на вакви јаки моменти од фудбалскиот времеплов, инаку како би се потсетиле на пример на еден ваков мега дуел меѓу Барселона и Баерн Минхен на кој Меси со еден потег го легна Боатенг на земја, ама буквално. Се случи на денешен ден пред шест години.

Што сменија Германците по дебаклот на Светското првенство?

Ситуацијата во германската фудбалска репрезентација не била нималку наивна во изминатите неколку месеци. Се појавиле поделби кои придонеле за лоша атмосфера во соблекувалната. Селекторот Лев не направил драстични промени, туку „чепка“ по малку.

Брат за брат, сирење за пари

Во финалето на англискиот Лига Куп при крајот на февруари, на мечот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити се повреди Мамаду Сако и на негово место влезе Коло Туре. Во тој редок историски момент за фоторепортерите, двајца браќа играа еден против друг.

Четири потписи за иднината до 2021 година

Навивачите на Баерн Минхен добија новогодишен подарок кој се вика: Томас Милер, Жером Боатенг, Хави Мартинез и Чави Алонсо, а тие добија плати со кои може да кажат: „збогум сиромаштијо, ќе има и за внуците“.

Браќата кои заиграа за различни репрезентации

Тешко дека го знаете Макс Виери, брат му на славниот Бобо или Матијас Погба, брат му на Пол, бидејќи едниот играше за Прато, а другиот за Кроли Таун. Познати браќа од фудбалот се Алкантара и Боатенг. И покрај тоа што се родени во иста земја, не ја претставуваа истата.

Искри на тренингот на Баерн Минхен

По испаѓањето од Дортмунд во полуфиналето на домашниот куп и од Барса во истата фаза од ЛШ, Баварците немаат хармонична атмосфера во тимот. Доказ за тоа е денешната расправија меѓу Левандовски и Боатенг, кои за малку не се степаа.

Новинарот кој му го врати медалот на Боатенг

Пехарот и медалите од Лигата на шампионите сосема заслужено завршија во рацете на фудбалерите на Баерн Минхен, но не им беа цврсто закачени на врат. Рибери му го пронајде на Манџукиќ и веднаш му го врати, а оној на Жером Боатенг се прошета низ Европа и по неколку дена повторно се најде кај првакот.