Од а до ш, доста сликовито целата приказна ја раскажува новинарот од sportsillustrated.com Ник Закарди кој му се израдува на шампионски медал од финалниот меч на Вембли помеѓу Баерн и Борусија. Не знаел на кого му припаѓа, но уредно со мала новинарска фора му ја вратил на сопственикот по десетина дена. Еве како.
„Финалето од Лигата на шампионите заврши во 22:30, а со оглед на тоа што мојот лет за Париз беше по 10 часа, си реков дека нема потреба да брзам во хотелот и ќе останам на стадионот Вембли до крај. Некаде по полноќ останаа само некои новинари, обезбедувањето и луѓето кои почнаа да чистат".
„Отидов на местото каде што играчите се ракуваа со претседателот на УЕФА, Мишел Платини. Заминав таму затоа што знам дека на седиштата се закачени имињата на ВИП гостите. Јас сум голем фан на Олимпијадите и кога го видов ливчето со името на Претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет, Жаг Рог си го земав како сувенир".
„Во меѓувреме, случајно клоцнав нешто со ногата и кога погледнав доле видов дека тоа беа конфети, но до нив нешто светна, тоа беше златен медал од Лигата на шампионите. Погледнав наоколу да не ме види некој, го ставив медалот во ранец и исчезнав од Вембли".
„Прво нешто што сакав да дознаам е на кој играч му припаѓа. Барав снимки на Јутјуб од прославата на Баерн Минхен, поточно од моментите каде веќе сите ги носат медалите. Очекував да видам како некои од играчите што скокаат останал без медал. Погледнав неколку клипови и прво нешто што видов е како на Марио Манџукиќ му паѓа медалот, но неговиот соиграч Рибери веднаш го здогледа и му го врати".
„Продолжив со потрагата, најдов едно видео и на 3:20 здогледав играч кој имаше врвка на вратот но без медал. Не можав да познаам за кој фудбалер се работи, но побарав на Гугл и открив дека тоа е Жером Боатенг. За да се осигурам дека е негов најдов слики од прославата откако ја напуштија бината каде што се доделуваат медалите и тој повторно немаше ништо на вратот. Бинго".
„Со помош на мојот постар колега Грант Вол од sportsillustrated.com го контактирав официјалниот претставник на Баерн Минхен, Мартин Хагел и во мејлот го прашав дали некој од играчите го изгубил медалот. Поминаа два дена но не добив одговор. Повторно му напишав мејл во кој напишав: Мислам дека го најдов медалот на Боатенг, ве молам одговорете ми ако го изгубил".
„Овој пат брзо добив одговор во кој пишуваше: Тоа е медалот на Боатенг, можете ли да ни го испратите по пошта. За возврат побарав интервју со Боатенг, а тој лично ми се јави на телефон. Во интервјуто ми кажа дека забележал дека е без медал дури на прославата во соблекувалната".
„Соиграчите ми се смееја кога видоа дека носам врвка без медал, а јас почнав да викам: Каде ми е медалот? Кој ми го зема? Сите гледаа во мене и ми рекоа да си го побарам. Рибери делуваше најзагрижен и ми рече да одам и да го побарам на теренот", вели Боатенг.
„Случката на Вембли почна да се шири, а ме контактираше и еден новинар, но ми вети дека нема да ја објави мојата приказна во која сум јас и актер. Заминав службено на Ролан Гарос и постојано го носев медалот со мене. На крајот Боатенг си го доби своето, но беше известен преку Мартин Хагел“.
„Имам изненадување за тебе, ќе видиш. Некој ти го пронашол медалот. Кога ми го кажа тоа Хагел бев многу среќен, раскажува Боатенг во интервјуто кое го дал за новинарот кој му го врати медалот".
24 годишниот Боатенг кој си ги чува медалите во куќата на своите родители не му е прв пат да му се случи ова. Медал загубил и кога играл во неговиот прв клуб, Херта Берлин, но тогаш не го добил назад. Тој по финалето на Вембли, се закити со уште еден медал од финалниот меч во Купот на Германија и годинава доби 3 златни медали, но по оваа случка станал повнимателен.
„На прослава на Купот постојано гледав во медалот, додека скокавме од радост со едната рака постојано го држев за да не го изгубам, раскажува Боатенг во интервјуто".