Кристијан и Макс Виери
Синовите на италијанскиот напаѓач Роберто Виери тргнаа по стапките на татко им, но додека Кристијан растураше во Атлетико Мадрид, Лацио и Интер, Макс играше во помали италијански клубови. Славниот Кристијан Виери кој е шест години постар, од 1997 до 2006 беше стандарден и славен репрезентативец на Италија, а брат му заигра за Австралија.
Тим и Крис Кејхил
Тим Кејхил роден во Сиднеј стана познат играч откако заигра во Евертон, но брат му не се прослави, а кариерата ја почна во родниот град. Тој заигра за Самоанската фудбалска репрезентација со која има настапено на три квалификациски натпревари за Светско. И Тим има играно за истата селекција, но на 14 години, а потоа стана репрезентативец на Австралија за која има постигнаго 39 голови.
Тијаго и Рафиња Алкантара
Браќата Алкантара се калеа во младинската академија на Барселона, потоа беа дел од Б тимот и на крај играа за првиот тим. Тијаго во 2013-та замина кај Гвардиола во Баерн Минхен, а Рафиња беше позајмен во Селта. Репрезентативната кариера и двајцата ја почнаа во младинците селекции на Шпанија, но потоа Тијаго стана дел од Европскиот првак Шпанија во 2012-та, а Рафиња заигра за Бразил у20. Инаку тој е роден од Сао Пауло, а Тијаго во Италија.
Кевин Принц и Жером Боатенг
Родени во Германија, браќата Боатенг ја почнаа кариерата за вториот тим на Херта, а потоа добија професионални договори за прв тим. Кевин Принц поради преголема конкуренција заигра за Гана, а брат му стана Светски шампион со Германија на Мундијалот во Бразил. Кевин Принц има одиграно 15 меча за Гана и е заменик капитен на Шалке, а Жером има 52 настапи за Германија.
Пол, Матијас и Флорентин Погба
Сите клубови сонуваат во својот состав да го имаат Пол Погба кој е еден од најдобрите млади играчи во светот. Пол не беше талент според Алекс Фергусон, но сега е еден од главните играчи на Јувентус. Роден е во Франција, а родителите му се од Гвинеја. На Светското првенство во Бразил ја доби наградата за „најдобар млад играч“. Брат му Матијас е напаѓач во англискиот третолигаш Кроли Таун, а Флорентин игра како лев бек за Сент Етјен.
Луис и Паоло Суарез
За Паоло Суарез можеби и не сте слушнале бидејќи кариерата ја градеше во Уругвај, Колумбија, Ел Салвадор и Гватемала. И двајцата беа дел од селекцијата на Уругвај за играчи до 21 година, но Луис Суарез стекна светска слава, а седум години Паоло заигра за селекцијата на Ел Салвадор.