Баерн е прв на табела, три години по ред ја брани Бундеслигата, пред две години ја освои Европа, а сезонава ќе биде учесник во нокаут фазата од ЛШ. Нивната доминација продолжува со помош на одличната трансфер политика.
Им продолжија договори на четворица важни од играчи од костурот на екипата, тројца кои се во зенитот на своите кариери и еден ветеран. Милер (26), Мартинез (27) и Боатенг (27) ќе играат на Алијанц арена уште 6 години, а Алонсо уште две.
„Милер ќе остане во баерн без оглед на тоа што ќе се случи и што ќе ни понуди некој клуб. Не постои сума за која би размислиле да го продадеме. Видете вака, Меси припаѓа на Барселона, Руни на Манчестер, а Милер на нас. Така треба и да остане. Можеби во светот има побрзи и технички подобри фудбалери од него, но не постои уште еден Томас Милер“, изјави претседателот на Баерн, Карл Хајнц.
Околу платите. Билд пишува дека платата на Милер ќе рипне од 7,2 на 15 милиони евра, а тоа значи ќе стане најплатен фудбалер во историјата на Бундеслигата. Со него ќе игра и еден од најплатените дефанзивци во светот бидејќи Боатенг нема повеќе да заработува 4,3 милиони евра годишно туку 12 милиони.
Милер е во Баерн од 2000-та, Боатенг дојде од Манчестер Сити во 2011-та, Мартинез од Атлетик Билбао во 2012-та, а Алонсо од Реал Мадрид во 2014 година.
Од останатите асови, Баерн го има Мануел Ноер до 2019-та, како и Артуро Видал, а Филип Лам и Давид Алаба до 2018-та.