Како се спремаат Германците: технолошка иновација од голф, разни погледи и внимание на секој детал

Кај нас со право одамна е одомаќинето мислењето дека „Германецот не остава ништо на случајот“ и дека „кај нив нема трте-мрте и сè е црно на бело“. Во секоја област, па и во фудбалот.

Кога германските репрезентативци пред некое време се појавиле на првиот тренинг на новиот селектор Ханси Флик, не очекувале што ќе видат.

Некои од нив веќе работеле со него во Баерн Минхен кога освоија сè што може да се освои (Бундеслига, Лига на шампиони, Суперкуп на УЕФА, германски Куп, Светско клупско првенство, германски Суперкуп), а некои го памтат од времето кога му беше помошник на поранешниот селектор Јоаким Лев.

Најмногу се збуниле кога непознат Данец тргнал да мести голем екран на терен, на кој точно се гледа детална анализа на секој шут. Марко Ројс, Томас Милер и екипата широко отвориле очи и се зачудиле. Иако со години играат во најголемите клубови, уште не виделе таква новост.

За време на првиот тренинг се појавил систем Trackman, познат во голфот.

Благодарение на овој систем може точно да се следи со кој дел од копачката и од која страна е шутната топката, каква е брзината и аголот на полет на топката. Овој систем овозможува моделирање на ударите и предлага најефективен начин за снимање од зададено место.

Играчите веднаш се заинтересирале за новиот инструмент со оглед на тоа што се професионалци од највисока класа и сакаат се што може да им ги подобри способностите макар на еден процент.

ДАНСКА ПОДДРШКА

Технолошката поддршка за голфисти за време на тренинзите на германската фудбалска репрезентација ја вовел Мадс Бутгерајт, најнеобичниот член на новиот стручен штаб на Германија.

Селекторот Ханси Флик кој со години многу време посветил на стандардните позиционирања, сакал да го земе во својот штаб Бутгерајт уште кога беше тренер во Баерн Минхен. Сега конечно му се исполни желбата да го има на клупата на Националмајншафт.

„Кога Ханси ми се јави, помислив дека некој се зафркава со мене“, ја почнува својата приказна Данецот кој има малку што со германскиот фудбал.

„Порано живеев во Фленсбург, ја гледав емисијата Sportschau и ја сонував Бундеслигата“.

Тој работел само во својата земја: бил помошник тренер во клубот Мидтјиланд, клуб познат по тоа што ја анализира играта до најситни детали со најсовремени и модерни инструменти. Овој клуб скоро стана и шампион на Данска пред вечните Брондби и Копенхаген.

Подоцна Мадс Будгерајт работел во младинската репрезентација на Данска, а селекторот на сениорите Каспер Хјулманд го викнал во стручниот штаб на репрезентацијата за Евро 2020 летово.

Така дел од заслугите за феноменалниот слободен удар и еврогол на Мартин Дамсгор во полуфиналето против Англија на „Вембли“ му се припишуваат и на тренерот Мадс Бутгерајт. Или на пример голот од корнер против Чешка во четвртфинале.

БРЗ ЕФЕКТ

Во репрезентацијата на Германија во последните години го игнорирале овој елемент - важноста на изведувањето прекини и позициниорање притоа.

Јоаким Лев секогаш сметал дека тренинг на стандардни позициони тренинзи (прекин, слободен удар, корнер итн.) е залудно трошење време зошто тој сакал ограниченото време за тренинзи кое го имаат репрезентациите (само неколку дена заедно) да го користи за да ја подобри самата игра.

Додека помошник му бил Ханси Флик, Лев понекогаш бил убеден од него и допуштал да посвети некој од тренинзите на овие вообичаени но важни детали. 

Таквиот пристап на Јоаким Лев му се одрази со тоа што Германија на Европско 2020 постигна само еден гол после прекин, а сега на три од четири меча под водство на Ханси Флик постигнаа гол после прекин: Со Романија и Германија по корнери, а со Исланд по слободен удар.

Смената на акцентот на тренинзи почнала да носи плодови.

ПРЕКИН НА ЕДНА ДЕЦЕНИСКА ТРАДИЦИЈА

Мадс Бутгерајт од Данска не е единствениот странец кого Ханси Флик го викнал во стручниот штаб. Наместо легендарниот Андреас Кепке кој цели 17 години беше тренер на голмани во репрезентацијата, сега дошол Андреас Кроненберг.

Ова е прекин на една неверојатна традиција согласно која голема голманска легенда на германскиот фудбал секогаш по крај на кариерата бил задолжен за тренирање на голманите во репрезентација. Од 1988-ма тренер на голманите бил великанот Зеп Мајер, а подоцна светскиот шампион од 1974-та бил заменет со европскиот шампион од 1999 Андреас Кепке.

Во последно време едни од најдобрите стручњаци за голмани доаѓаат од Швајцарија, а од оваа земја доаѓа и Андреас Кроненберг кој е анонимен во Европа и нема блескава голманска кариера. Тој никогаш не бранел за репрезентација ниту пак во најдобрата лига на својата земја. Во Германија бранел само во втората Бундеслига, а најголем дел од кариерата поминал во трета лига.

Како тренер на голмани се пробил од најниските рангови. Станал дури и тренер на голмани во јуниорите на Баерн Минхен и Штутгарт, а после 11 години ги тренирал чуварите на мрежата на Фрајбург. Тој е најзаслужен за напредокот на Роман Бурки (Дортмнд), Оливер Бауман, Александар Шволов.

УШТЕ ЕДЕН ИНТЕРЕСЕН ЛИК Е ПОМОШНИК НА ФЛИК

Практично главен, прв асистент на селекторот Флик му е Дани Рел. Историјата на германскиот фудбал не учи внимателно да ги набљудуваме помошниците тренери зошто голем дел од нив порано или подоцна добиваат шанса да ја водат репрезентацијата или клубот.

Дени Рел има 32 години а неговата кариера многу брзо се развивала. Тој иако е врсник со Томас Милер, има дури 11 годишно искуство со тренерска работа.

Има потекло од источно-германскиот град Цвикау, а како мал сакал да стане тренер. На јуниорска возраст поради повреда морал да се оперира и не направил голема играчка кариера како фудбалер.

На 21 година во составот на Ејленбург во петта лига на Данска ги скинал лигаментите и ја завршил кариерата.

Во 2010-та година само што се појавил амбициозен клуб кој барал млади и предани тренери за работа во академијата, Дени Рел добил покана во тогашниот петтолигаш РБ Лајпциг каде станал видеоаналитичар во младинските категории.

Со тек на време многу се развил: бил помошник во РБ Лајпциг У16, У17 а на 25 години го прекомандувале во прв тим на богатиот клуб.

Одличната аналитика која што ја правел во РБ Лајпциг и каде работел до сериозни стручњаци како Ралф Рагник, Александар Цорнигер и Ахим Бајерлорцер го довела до ниво да добие понуда од големиот Ралф Хазенхотл, Австриецот кој се прослави во Саутемптон.

Откако му бил помошник на Хазенхотл во Лајпциг, Дани Рел добил покана да му се приклучи во Саутемптон во Премиер лигата. Таму Рел ги импресионирал сите фудбалери со професионализмот. Многу играчи на Саутемптон ден-денес сметаат дека со заминувањето на Дани Рел, резултатите на Хазенхотл во англискиот клуб се многу послаби.

ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА

Младиот германски трнер Дани Рел заминал од Саутемптон зошто добил повик од Нико Ковач кога Хрватот стана главен тренер на Баерн Минхен.

Таму Рел се запознал со Ханси Флик кој долги години работеше во баварскиот гигант. Кога Ковач замна во Монако, а главен тренер стана Флик, тогаш Дани Рел бил промовиран во прв асистент на Ханси. 

Јозуа Кимих неодамна рекол дека уште го памти Дани Рол од јуниорските денови во РБ Лајпциг а во последните години и во Баерн Минхен многу работел со него на тренинзите. Рел најмногу бил задолжен за тактичка подготовка. И често ја водел Б екипата на Баерн на спаринг-натпревари со првиот состав.

„Он имаше значајна улога во нашиот успех“, рекол за него Флик кој на Баерн му донесе Бундеслига, Куп и Лига на шампиони - тројна круна.

Интересно, Јулиан Нагелсман кој од летово го води Баерн Минхен, сакал да го остави Дани Рел во стручниот штаб но 32-годишниот стручњак решил да оди по стапките на Ханси Флик и му се придружил во репрезентацијата.

Уште од првите тренинзи на Германија Дани Рел активно учествувал на теренот и од него многу ќе зависи како ќе изгледа Германија тактички во иднина.

РАЗНИ СВЕТОВИ, МЕШАВИНА НА МЛАДОСТ И ИСКУСТВО

Новиот стручен штаб на Ханси Флик има многу разни елементи. Селекторот на времето имал успешна играчка кариера, неговиот помошник Дани Рел е млад и свеж тренер специјалист по тактика а тука е и искусниот Маркус Зорг кој работел со Јоаким Лев во последните пет години.

Скаутинг службата ја води 68-годишниот стар лисец Херман Герланд, ветеран на германскиот фудбал.

Селекторот на Германија се опкружил со професионалци од совршено различни светови што безусловно муд ава можност да ги гледа работите од повеќе агли. Затоа Ханси Флик секаде, па и во Скопје кога зборуваше за своите планови во однос на репрезентацијата ретко вели „јас“, а често „ние“.

Веќе од претходната работа со стручен штаб во Баерн Ханси Флик знае дека успехот на голема екипа е можен само преку колективна работа.

Затоа и не чуди што Германија стана апсолутно прва репрезентација од Европа која пред време се пласираше на Светско првенство 2022.