Луда завршница каква што ретко се гледа

Кошаркарите на Мајами Хит и Кливленд Кавалирс го одиграа најлудиот натпревар на вечерта во НБА лигата. Во завршницата екипите се менуваа во водство. Донован Мичел лидерот на Кавс на 0,4 секунди пред крајот погоди луда тројка за израмнување 138:138 и сите беа спремни за продолженија. Никола Јовиќ со лудо додавање и Ендрју Вигинс со забивање за победа, направија шоу!

Најефикасни во победничкиот состав на Мајами Хит беа Пауел со 33 поени, Вигинс имаше 23 поени и 5 асистенции, Хакез додаде 22 поени со 13 скока и 7 асистенции а Келер Вејр имаше дабл-дабл со 14 поени и дури 20 скока.

Кај Кливленд Кавалирс Донован Мичен броеше до 28 поени со 15 скока и 8 асистенции, Деандре Хантер апиша 23 поени а Иван Мобли 21 поен, 10 скока и 5 асистенции.

Ова беше и дерби на Истокот, а двата тима се израмнети со учинок 7-4 на табелата. Пред нив се само Детроит Пистонс и Њујорк Никс.

11 ноември 2025 - 08:53