Му тргна одлично со Барса, има 7 од 7 во првенство. Ама човекот изгледа размислува во простор и кога не е на работа. Погледнете го фино лепо како им ја објасни тактиката на навивачите, каде треба да го чекаат.
Кај нас со право одамна е одомаќинето мислењето дека „Германецот не остава ништо на случајот“ и дека „кај нив нема трте-мрте и сè е црно на бело“. Во секоја област, па и во фудбалот.
Со голот на францускиот репрезентативец Бенжамин Павар во вториот дел од финалето на Светско клупско првенство, Баерн Минхен го совлада мексикански Тигрес и стана светски клупски шампион.
Во жестока конкуренција, Ханси Флик со убедливо повеќе гласови е избран за најдобар германски тренер на сезоната 2019/2020. А за неговата кариера и живот и после тројната круна со Баерн, не се знае многу.
Во недела вечер Баерн Минхен ќе игра за шеста европска титула. Апсолутна доминација досега во Лига на шампиони на Баварците. Вечерва жртва беше Лион кој три пати ја вадеше топката од своја мрежа. Во финале ги чека ПСЖ.
На почетокот на оваа бесконечна сезона, Баерн Минхен им здосади на навивачите со досадна игра, со внатрешни скандали и со 5 примени гола од Ајнтрахт Франкфурт. Атмосферата воопшто не личеше на онаа по која гигантот е препознатлив.