Сето ова беше доволно Нико Ковач да добие шут карта, а наместо него да дојде Ханси Флик кој створи страшен Баерн Минхен, освои титула во Бундес и Купот на Германија, му ја врати во живот кариерата на Томас Милер и ја прегази Барса со историски 8:2.
Од почетокот на 2020-та со доаѓањето на Ханси Флик, Баерн Минхен страна ѕвер: 24 меча, 23 победи во сите натпреварувања. Сега се на два чекори од нов неверојатен подвиг за тројна круна, прва после епската сезона 2012/2013.
КАКО БАЕРН СТАНА ТОЛКУ НЕПОБЕДЛИВ И МОЌЕН? ФЛИК ГО МОДЕРНИЗИРАШЕ ПОЗИЦИОНИОТ ФУДБАЛ НА ГВАРДИОЛА
Покрај „законски“ моралниот посед и контрола на топка, Пеп Гвардиола за времето во Минхен го тренирал тимот и да го намамува противникот надвор од своја позиција за да низ средина побрзо стигне до противничкиот гол. „Движете го противникот не топката. Натерајте го да прекине да ве пресингува и тогаш ќе добиете слободни зони за вертикален напад“, им викал Гвардиола.
Така и денес работи Ханси Флик. Но неговите напади во основа имаат префрлање топка од едно крило на друго (Кимих и Тиаго сезонава во Бундеслига беа во топ3 играчи со најпрецизни долги додавања). Оваа игра му дозволува на Баерн да ја користи ширината на теренот.
БАЕРН ИМА НАЈЕФИКАСЕН ПРЕСИНГ ВО ЕВРОПА
При Ковач (стана тренер на Монако), Баерн Минхен не вршеше многу пресинг. Но сезонава Баварците најчесто од сите клубови играат јак пресинг. Флик им го врати препознатливиот стил врз кој многу работеа Хајнкес и Гвардиола.
Флик бара висок структуриран пресинг. За ова откри и Кимих кој по триумфот од 4:0 над Дортмунд во ноември 2019-та година (тоа беше втор меч на Флик на клупата на Баерн), кажа: „Ние сега доминираме над противникот дури и тогаш кога немаме посед на топка“.
Баерн сезонава стана екипа со најдобар пресинг во сите топ5 лиги во Европа.
ВО СЕКОЈА ЛИНИЈА БАЕРН ИМА ИГРАЧ-ТРЕНЕР КОЈ ПОСТОЈАНО ИМ ДАВА ИНСТРУКЦИИ НА СОИГРАЧИТЕ
Давид Алаба при Ханси Флик стана командант на одбраната. Благодарение на стоперот ние не обраќаме внимание на позиционите грешки кои некогаш ги допушта Дејвис на кого му треба време да се врати назад во одбраната по одработен напад.
Алаба му е ментор на младиот Канаѓанец.
„Задоволен сум од прогресот на Алаба во средина на одбраната. Во тишината на празните стадиони слушам какви команди им дава на соиграчите и ме воодушевува. Неговите лидерски квалитети се една од причините зошто го преместив во центарот на одбраната“, вели Ханси Флик, тренерот на Баерн.
Средниот ред е клучна зона на Баерн на Флик. Неа ја контролира Кимих кој во последно време влијае не само на средниот ред на Баварците туку и општо на целиот германски фудбал за време на ситуацијата по паузата. Кимих најчесто од сите играчи на Баерн е во контакт со топката, неговата вертикална поддршка отвора многу можности. Јошуа следи дали некој паѓа и го крева темпото.
Нападот го контролира Томас Милер кој има одличен поглед на теренот и може да предвиди како ќе се развива секој напад. Томас со урлање и гестови им сугерира на соиграчите (по правило на крилата Гнабри или Коман) за тоа каде да подадат. Во некои моменти тој е како втор пар наочари за соиграчите кои ја водат топката.
Никој така силно не влијаел на сезоната на Баерн како Милер. Во интервју за The Athletic, Милер раскажал дека комотно се чувствува сам ако неговата екипа доминира (по желба во финалната третина од теренот). Логично е дека во системот на Ханси Флик ја одигра најдобрата сезона во кариерата (прв асистент во Бундес со 21 асистенција).
Иако пред само 6 месеци се спремаше да си оди од Баерн зошто Ковач не го гледаше во првите 11.
МОЌНА ФИЗИЧКА ПОДГОТОВКА ПРЕД РЕСТАРТОТ ИМ ПОМОГНАЛА ДА НЕ ИЗГУБАТ ФОРМА, КОЈ БИЛ МРЗЛИВ ВЕДНАШ ДОБИВАЛ ОПОМЕНА
Само пар недели откако фудбалот во Германија беше стопиран, Баерн Минхен почна со тренинзи на дистанца и покрај тоа што не беше јасно колку време ќе трае паузата и дали воопшто ќе продолжи.
Ханси Флик и неговиот фитнес тренер Холгер Бројх разработиле специјален план за онлајн тренинзи.
Видео-сесиите траат по 75-90 минути и вклучуваат висок интензитет во интервали (тренерите покажувале движења, играчите повторувале). Флик средил секој играч дома да има тренажен велосипед. На овие тренинзи се приклучувале и Швајнштајгер и Робен.
Дури и кога тренинзите завршувале, играчите уште останувале на линија и неколку минути зборувале еден со друг.
„Беше многу убаво што ги заинтересира процесот, тоа го повиши духот на екипата“, се радувал Флик.
Сите информации од фитнес траките играчите им ги праќале на фитнес тренерите кои ги анализирале во базата на улица Ѕебенер-Штрасе. Ако некој тренирал помалку од своето максимално ниво, го предупредувале.
Ова било важно за високиот колективен пресинг кој го игра Барселона. Тренерот за физичка подготовка Бројх е еден од најзаслужните што Баерн мелеше по рестартот на Бундеслига, освои титула и Куп.
Бројх не ги штедел нималку играчите кои почнале да го викаат Магат (Феликс на времето бил познат како суров на тренинзите). „Во еден момент сакавме да го пратиме подалеку од нас, ама после сфативме дека не чекаат решавачки натпревари и дека овие тешки тренинзи ќе ни помогнат. Така и бидна“, рекол Милер.
Ниту во еден меч од финишот на сезоната Баерн не изгледаше уморно и секој пат имаше сила да држи високо темпо цел меч без разлика на резултатот и да оди во пресинг додека не си го врати поседот.
ПРИ ФЛИК НЕМА СКАНДАЛИ, ИГРАЧИТЕ НЕ МИСЛАТ НА НИШТО ДРУГО ОСВЕН НА ФУДБАЛ
„Вратата во неговата канцеларија секогаш е отворена. Може да се дојде и да се постави кое било прашање. Јас уште никогаш не сум видел во Баерн толку отворен и позитивен тренер“, рекол Алаба за Флик во интервју за Kicker.
Единствено што можело да го налути Флик е пасивност на тренинзите. Еднаш ги вратил во соблекувална од тренинг зошто недоволно се труделе и го прекинал тренингот.
Во таков случај може да се случи Ханси и да го повиши тонот но играчите одлично сфаќаат дека тоа е за нивно добро. Пред рестартот на Бундеслига Флик посебно и се заблагодарил на менаџерката на тимот Кетлин Кругер која цел карантин следела играчите да не го нарушуваат режимот и одговарала за сите проблеми. Таа е 24 часа достапна за секое прашање за проблемите на фудбалерите.
Таа го воодушевила уште и Гвардиола на времето па сакал да ја однесе во Сити со него да работи во Англија.
Баерн со Флик не се само фудбалерите на терен туку и лекарите, физиотерапевтите, медиа службата, готвачите, видео-аналитичарите, скаутите и многу други.
Пар месеци откако го поставија за тренер на Баерн, Флик периодично се слушал со Јуп Хајнкес кој му помагал во управување со екипата.