На стадионот „Хозе Алваладе“ во Лисабон Баерн Минхен убедливо со 3:0 го доби Лион и сега е на чекор од тројна круна! Ама многу нешта можеа да бидат поинакви, ако францускиот тим имаше добра реализација од стартот.
На отворањето на мечот Лион кој претходно го сруши Манчестер Сити во 1/4 финале, имаше 2 стопостотни шанси, но Депај и Екамби промашија:
Следуваше казна на другата страна.
Гнабри отвори со страшен гол, па уште еден. До крајот од мечот и Левандовски ја затресе мрежата (15-ти на 9 меча во ЛШ сезонава, 9-ти по ред во ЛШ и вкупно 55-ти во сите натпреварувања) и Баерн во заслужено финале.
𝙂𝙣𝙖𝙗𝙧𝙮 𝙚𝙖𝙩𝙞𝙣𝙜 𝙜𝙤𝙤𝙙
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) August 19, 2020
🔥 @SergeGnabry has scored 23 goals in 45 games for Bayern in all competitions this season.@FCBayernEN | #UCL pic.twitter.com/Gi6L5gGmbU
Занимливости:
- Баерн Минхен 11-ти пат ќе игра финале на Лига на шампиони. Во клупската историја освоија 5 титули: 3 по ред во 1974, 1975 и 1976, а потоа во 2001 и 2013. Тренерот Ханс-Дитер Флик ја однесе екипата во финале во првата самостојна сезона како тренер;
- Германскиот шампион првпат ќе игра финале после 2013-та кога стана европски првак. Од тогаш до сега четири пати губеа во полуфинале: три пати по ред испаѓаа од Реал, Барселона и Атлетико а во 2018 пак од Реал Мадрид.
- Ова беше втора средба во полуфинале меѓу Баерн и Лион и втора убедлива победа на Германците: пред 10 години победија со вкупен резултат 4:0, а сега дадоа два гола во прво полувреме и мирно го дочекаа крајот.
- Серж Гнабри е само вториот Германец во историјата кој постигнал 2 гола во полуфинале на Лига на шампиони. Претходно Томас Милер во 2013-та даде исто толку погодоци против Барселона во полуфинале. Тогаш Баерн славеше со вкупен резултат од 7:0.