„Fick dich, DFB!“

Голема борба на германските ултраси против сојузот

Минатата недела конфликтот меѓу германските ултраси и Германскиот Фудбалски Сојуз зема широк замав не само во земјата туку и во Европа.

Не дека до овој момент на германските стадиони владееше мир и тишина, но од 2012 кога започна првиот отпор под името 1212 - сите навивачи групи се договорија да не навиваат во првите 12 минути и 12 секунди поради тоа што 12 клуба од Бундеслигата прифатија наметнатни правила од Федерацијата.

Ултрасите во Германија бараат:

- да се тргне правилото „50+1“ според кое 50% + 1 акции на клубот мора да бидат во сопственост на членовите затоа што ова правило не им дозволува на клубовите во целост да преминат во сопственост на едно лице. Против ова правило се бунеа не само навивачи, туку и официјални лица на германскиот фудбал - Ули Хенес, Оливер Бироф и многу други;

- смена на целиот корумпиран систем во Германскиот фудбалски сојуз и казни за корумпираните раководители;

- натпреварите да не се играат во работни денови туку да им се излезе во пресрет на гледачите;

- Да се раскине договорот со младинската репрезентација на Кина до 20 години која што ја приклучија во 4-та германска лига со договор на 5 години меѓу двата фудбалски сојузи, германскиот и кинескиот. вО 4-та дивизија играат 19 екипи кои мораа да најдат слободен термин за да одиграат еден меч во календарот против младинската репрезентација на Кина. Кинезите нема да бидат вклучени во табелата, бодови не им се сметаат па ситуацијата е просто нереална во целина;

- укинување на вонредните кола, укинување на забраните за посета на стадионите на навивачите кои не нарушиле јавен ред и мир туку се суспендирани после проценка на полицијата (аналогна ситуација денес има и во Франција);

- поништување на одлуката за затворање на цела трибина поради излоран инцидент;

- откажување на „дебилното“ шоу пред почетокот на мечот и на полувремето;

- прашање за легализација на пиротехниката.

Минатиот викенд се одигра првото коло од новата сезона во Бундеслигата и протестите беа масовни ширум Германија:

Последни кои настрадаа од ригорозниот однос на Германската Фудбалска Федерација се навивачите на Анјтрахт Брауншвајг од втората лига.

Тие мораа домашниот меч против Хајденхајм во рамките од 2. коло во 2. Бундеслига да играат без гледачи затоа што им ја затворија трибината поради инциденти. Поради тоа гостите од Хајденхајм направија огромна навивачка солидарност и на домашните навивачи им поделиле билети за својот сектор. На тој меч Анјтрахт Брауншвајг го бодреа 50-ина навивачи

Навивачите на Брауншвајг застанаа зад еден банер Ultras зад кои стоеле разни ултрас подгрупи на Ајнтрахт ("Cattiva", "Rabauken", "Daltons", "Assalto Commando" и други) чии групи имаат забрана за посети на стадионите по инцидентите со Хановер и Волфсбург минатата сезона.

Меѓу главнината навивачи на Брауншвајг околу 230 лица имаат бан за влез на стадионите поради што сите решиле да одат со само едно знаме за да се избегнат можни проблеми со полицијата.

Навивачите на Баерн во 1. коло против Баер:

Ултрасите на Ханза од Рошток нацртале неверојатен графит посветен на борбата на ултрасите со DFB (Deutscher Fußball-Bund)

За време на мечот со Есен во Купот, навивачите на Борусија Менхенгладбах на неколку знамиња ја извадија паролата на протестите: „ЕБИ СЕ ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈО“ (FICK DICH DFB)

Ултрасите на Менхенгладбах го нападнаа фудбалскиот сојуз и во 1. коло од Бундеслигата во дербито со Келн:

И гостинската публика од Келн имаше пароли против ГФФ:

По враќањето во Бундеслигата, навивачите на Штутгарт во првото коло гостуваа во Берлин против Херта:

Домаќините и покрај тоа што славеа јубилеј од 125 години постоење на клубот Херта, не заборавија на солидарноста со другите навивачи во борбата против Фудбалската федерација

Вториот клуб од престолнината, Унион играше на гости во Нирнберг и таму неговите навивачи имаа пароли против федерацијата:

Луда кореографија и симпатичен перформанс имаа и домаќините од Нирнберг:

Навивачите на Минстер:

А која ука-бука во Германија би поминала без навивачите на Динамо Дрезден?

На протестите се приклучија и навивачите на Магдебург:

Огромен банер и на навивачите на Рот Вајс од Есен:

Ултрасите на Сарбрикен:

И на Кајзерслаутерн:

Навивачите на Ерцебирг (Ауе):

Карлсруе:

Ултрас Дармштад:

„Ние сакаме дијалог со сите ултрас групи и ги викнавме на тркалезна маса. Ја сфаќаме сериозноста на тоа прашање. Потребно ни е да си укажеме на грешките“, изјави после протестите на навивачите, претседателот на Германскиот Фудбалски Сојуз Рајнхард Гриндел.