Тоа значи дека Лев ќе биде спокоен најмалку до 4 декември кога треба да заседава прездиумот на DFB на кој свое излагање ќе има Оливер Бироф, менаџер на репрезентацијата.
Бироф ќе го анализира општиот развој на селекцијата во последните 2 години, ќе ги претстави најголемите проблеми (тука се и причините за кошмарните 6:0 од Шпанија кои ја посрамотија Германија) и ќе предложи план за излез од кризата.
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ПОЛЕКА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ КОИ ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ СЕ ДЕЛО НА СЕЛЕКТОРОТ
Пријателскиот меч Германија - Турција (3:3) во октомври на германска телевизија го гледале 5,8 милиони луѓе и тоа беше најлош показател во последните 20 години!
Можно е да се бара оправдание во отсуство на гледачи на трибините и сивата атмосфера на празен стадион, но негативниот тренд околу репрезентацијата на Германија се наметна уште пред две години. Бундестимот веќе не е популарен како некогаш:
(просек на број на тв гледачи на репрезентацијата на Германија после Светско 2018, извор твитер каналаот на ZDF Sport)
„Луѓето тешко 100% се идентификуваат себе со репрезентацијата“, вели Бастијан Швајнштајгер во улога на стручен коментатор на федералниот канал ARD.
ГЕРМАНИЈА ИГРА ДОСАДЕН И ЗАСПИВАЧКИ ФУДБАЛ
Германците секогаш играле агресивен пресинг со брзи контранапади и контрола на топка, но сега го напуштија тој стил.
Пасивни им се обидите за пресинг, а играчите наместо самодоверба повеќе сакаат да се повлечат позади и да играат дефанзивно.
Дебаклот од Шпанија им се случи и поради тоа што му дадоа на тимот на Луис Енрике да се размавте со топка (Шпанците имаа 89% точни додавања и проигрувања на противничка половина а Енрике изјави дека таков ден се случува еднаш на 100 години и тешко да се повтори да нема ниедна грешка).
Германија сега има друга тактика - кога ќе поведе, сака да го чува резултатот. На домашниот меч против Шпанија во септември Јоаким Лев при резултат 1:0 ги извади напаѓачите Сане и Вернер и ги збуни сите што ги стави бековите Гинтер и Кох.
Примија гол на крајот во судиско продолжение, а исто беше и со Швајцарија на гости. Резултат чуваа и во март 2019-та година против Холандија кога при водство 1:2 во квалификации за Европско, во второ полувреме немаа никој напред, па топката просто им ја предаваа на ривалите.
Исто беше и на пријателската (1:1) против Србија кога играчите од среден ред Гундоган и Кимиј стоеа многу повисоко од последната линија и оставаа зад себе широко пространство.
Најголем проблем на Германците е почеток на напад преку средина. Горецка, Крос и Гундоган постојано затворени чекаа пас од несмасниот Зиле кој имаше две опции: или да ја рога напред или да проба да му додаде на најблиското крило кое беше затворено од Шпанците кои отвораа контри и така да дадоа повеќе од головите.
Во последните 2 години од 7 меча против Топ екипи во Европа, Германија победила само на 1. Против Франција, Холандија и Шпанија имаат само 1 победа, 3 нерешени и 3 порази.
Селекторот Лев категорички не менува ништо ни во формираниот состав ни тактички ни технички. Се бунтува и против секоја критика, нешто несвојствено за него.
„Во последно време јас не читам ништо за репрезентацијата. Сеедно ми е кој што збори. На мене не влијаат туѓи оценки. За 16 години во репрезентацијата се наслушав секакви разни мислења за мојата работа но јас сум над тоа. Им се доверувам на играчите, имаме план и знаеме што правиме“; изјави Лев пред мечот со Украина во октомври.
ОДБИВА ЛЕВ ДА ВИКА ТОП ИГРАЧИ КАКО МИЛЕР, ХУМЕЛС И БОАТЕНГ ИАКО ЦЕЛА ЈАВНОСТ ГО ПРИТИСКА
По бламот на Мундијал 2018 кога испаднаа од Јужна Кореа (последно место во група, најлош резултат на Германија во историја на Светски првенства), во составот на репрезентацијата поминале 43 играчи, но не секогаш тоа беа најдобри германски фудбалери.
Јулиан Дракслер пример, веќе неколку години не покажува ништо што го красеше како најголем германски бисер на времето и ретко игра во ПСЖ. Ама затоа во репрезентација игра стандардно.
Антонио Рудигер сезонава испадна од првиот состав на Челси, најчесто е резерва кај Лампард, ама затоа повеќе игра за репрезентација. Сезонава има 1 меч за Челси во Премиер лига (плус 2 во ЛШ) и дури 7 за репрезентација (сите како стартер).
Левиот стопер Нико Шулц уште од минатата сезона веќе не е водечки играч во одбраната на Дортмунд, во Бундеслига заигра 11 минути (паузираше поради повреда), но Лев продолжува да го вика во репрезентација (играше на пријателски против Турција и Чешка оваа есен).
Притоа селекторот го игнорира капитенот на Фрајбург Кристијан Гинтер (има 27 години исто колку Шулц). Гинтер е во сјајна форма, минатата сезона бил најдобар по број на додавања во свое поле (44) и имал 10 асистенции.
Стоперот на Фрајбург игра одлично во формации кои ги користи Лев (3-4-2-1, 4-3-3 и 4-2-3-1).
Гинтер само еднаш заиграл за Германија и тоа во далечната 2014-та против Полска кога одиграл само 8 минути.
„На резервите не им е место во репрезентација. Во Келн не играа 11 најдобри, туку тие кои останаа. Тоа не одговара со мојата замисла како треба да изгледа главната екипа на мојата земја на меѓународни натпревари“, напишал Берти Фогтс во колумна за т-онлајн.де после мечот со Турција (3:3).
Поранешниот селектор на Германија добил поддршка и од Лотар Матеус, светски шампион од 1990.
„Тоа што го игра бундестим не е најдобра реклама на германскиот фудбал. Ова не е наша репрезентација. Сакаме да ги видиме најдобрите. Претходно ако играч бил резерва во клуб, немал што да бара во репрезентација. Сега на неколку натпревари гледаме практично втор тим. Оттука и пад на интерес на гледачите“.
Ако во нападот триото Вернер-Гнабри-Сане прават шанси и даваат голови, во одбраната е хаос. Освен Никлас Зуле, Германија нема топ централни стопери што би му дале на Лев стабилност да игра во формација со тројца позади (Зиле-Гинтер-Рудигер).
Лев од март 2019-та година до сега користеше 6 играчи како стопери: Никлас Зуле, Матиас Гинтер, Антонио Ридигер, Емре Џан, Робин Кох и Џонатан Та.
Од овие шест фудбалери, Џан скоро никогаш не играл стопер, тој е последен играч за врска во среден ред. Та и Ридигер не играат во своите екипи а Кох само што почна да игра.
И порај очигледните проблеми во одбраната, Лев тера по свое и не сака да ја слушне јавноста.
„Планирам и натаму да ја градам репрезентацијата без Милер, Хумелс и Боатенг“, изјави Лев пред ноемврискиот собир и додаде: „Ако како се ближи Евро ние изгубиме некои играчи, тогаш можно е да се премислам но сега не гледам смисла да ги викам тие играчи. Ми се допаѓа да работам со млади играчи (просечната возраст на составот против Шпанија беше 27). Има некои потешкотии во адаптација, но брзо ќе се навикнат. Сигурен сум дека ќе биде добро“, рекол Лев.
Според The Athletic, Јоаким Лев со младите играчи има дисконекција. Тие не ги делат неговите идеи и не ги разбираат тактичките задачи.
Time to take @JeromeBoateng back 🇩🇪 #ESPGER @DFB_Team
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) November 17, 2020
Томас Милер игра во најдобра форма во кариерата и неговото искуство многу би значело. Тој е играч кој непрестано збори на теренот и ни секунда не прекинува. Додека играше за репрезентацијата, често кажуваше кога треба да се повлечат во одбрана, кога да нападнат и беше продолжена рака на селекторот.
Во последните 2 сезони Милер учествувал во дури 65 гола на Баерн Минхен што сам што со асистенции (подобар учинок во Бундес имал само Вернер - 76).
Во сезоната 2019/2020 стан автор најдобар асистент во топ-15 европски лиги после Меси (26 асистенции во сите натпреварувања).
Проблемот лежи и во тоа што Јоаким Лев веќе не се осврнува многу во младинските репрезентации.
„Во 2017-та година 10 играчи кои можеа да играат на Евро У-21, беа прекомандувани во прва селекција за Куп на Конфедерации. Тогаш постојано бевме во контакт со Лев и дискутиравме за играчите кои треба да се префрлат во А репрезентација. Сега со Јоги веќе не контактираме па затоа има приметно помалку прекомандувања на квалитетни играчи“, вели Штефан Кунц селектор на младата репрезентација на Германија“.