Бразил и подари на Германија гол од стадионот каде ги демолираа

Еден од двата гола од стадионот каде во 2014-та Германците го уништија Бразил со 1-7 е дониран за музејот на Германската фудбалска федерација во Дортмунд.

Со сигурност ноќта кога „Кариоките“ го претрпеа најтешкиот пораз во својата историја нема да го заборават генерации и генерации.

„Хоророт Минеиразо“ како што некои медиуми го нарекоа мечот во градот Минеирао ќе има и некоја добра страна по Бразилците затоа што дел од средствата заработени од посетителите на фудбалскиот музеј во Дортмунд, ќе одат за социјални проекти во Бразил.

„За жал не можеме да ја смениме историјата, но во врска со овој меч најдовме начин како да придонесеме за луѓето од целата земја, со ресурси собрани во Германија коишто 100% ќе одат во социјални проекти во Бразил“, изјавила одговорната за односи со јавност од познатиот стадион во Минеиро, Лудмила Ксименес.

Ако голот кој Бразил го чуваше во првото полувреме од мечот во Минеиро е изложен во Музејот на германската фудбалска федерација во Дортмунд, тогаш другиот ќе оди во фудбалскиот Музеј во Бело Хоризонте: мрежата од овој гол ќе биде исецкана на 8.150 парчиња и секоја од нив ќе може да се набави за симболична сума од 71 евро (резултатот од мечот.)

Организаторите на овој настан со хуманитарни цели се надеваат дека така ќе соберат преку 500.000 долари кои ќе одат за најзагрозените.