Таг: гол

Томори за голот со Јуве скокнал до рекордни 2.65 метри, ама не е Роналдо да го зборуваат

Стоперот на Милан кој е позајмен од Челси со право на откуп по крајот на сезоната, одигра фантастични неколку месеци и е меѓу позаслужните што росонерите го чуваат местото кое после долги години ќе ги однесе во Лига на шампиони. Фикајо Томори против Јувентус постави нов рекорд за одраз од земја при постигнат гол со глава.

Знаете ли дека во Германија постои награда за најглуп гол на месецот

Во многу европски и светски лиги има разни признанија: за најубав гол, за најферплеј потег, за најдобар стрелец, за најубава одбрана итн. Германците отидоа подалеку па имаат и забавна традиција: секој месец телевизиската емисија „Прекрасниот свет на фудбалот“ доделува награда за најлош гол на месецот - Kacktor des Monats.

Русинот што ја научил својата мачка да вика „гол“

Додека сите им викаат на своите мачки „мјау“, овој цар за време на Светското фудбалско првенство ја научил својата мачка да биде во склад со Мундијалот.

Бразил и подари на Германија гол од стадионот каде ги демолираа

Еден од двата гола од стадионот каде во 2014-та Германците го уништија Бразил со 1-7 е дониран за музејот на Германската фудбалска федерација во Дортмунд.

Гол на нејќена

Магомед Митришев во 86’ минута од мечот против Рубин Казан го намали резултат на 3-2 по случајна асистенција на негов соиграч.

Еврогол на Пандев за Џенова

Откако веќе долго време е на клупата и ретко кога добива шанса, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев вечерва на куп средбата Џенова - Перуџа постигна гол после подолго време. Струмичанецот зголеми на 2:0 во 37’ минута откако претходно синот на Диего Симеоне го отвори резултатот во 3’ минута.

Кога сме веќе кај головите на Сан Марино

Фудбалската репрезентација на Сан Марино е 201. на ранг листата на ФИФА. Во својата историја, оваа селекција даде по некој гол а сè друго беа пораз, пораз, пораз, пораз, пораз и пораз. Последниот гол, прв после 15 години го прославија урнебесно.

Контрол це, контрол ве Вест Хем

Некогаш Тевез центрираше, а Боби Замора забиваше, а денес Дмитри Паје центрира а Огбона забива со глава. Два потполно идентични голови на Чеканите.

Чудесија на Меси на тренинг

Познатиот италијански пеач Ерос Рамацоти постираше на својот Твитер профил дел од тренингот на Барселона на кој присуствувал утрово каде бил сведок на нова лудост на Меси.

Долга прослава на гол не е на арно

Фудбалерите од Јужна Африка честопати знаат да заглават предолго со прославување на голови и да прават салта и разни танци. Тоа се покажа ризично и неисплатливо кога се сретнаа две екипи од Замбија и Мозамбик.

Гиле џабе се радуваш Гиле

Само фудбалерот на Бастија мислеше дека топката влезе во гол.

Да разјасниме за голот на Свонси

Фудбалерите на Свонси вчера го совладаа Квинс Парк Ренџерс со 2:0, а тие кои ја играле 1 со 3+, 1-1 3+ или 3+, сто посто пцуеле во кладилница за спорниот момент во 38 минута.

Руни прави ѕвездa само против Шкотска

Пред 14 години, Вејн Руни им даде гол на Шкотите кога играше за селекцијата на Англија под 16 години. Викендов пак даде гол против Шкотска и прославата на голот му беше иста. За Манчестер Јунајтед, никогаш не славел гол на тој начин, а по мечот изјави дека тоа го направил поради син му, кој сака татко му да прави салта и ѕвезди.

Дозволен ли е ваков гол во ватерполо?

Германецот Тони сигурно има некоја поврзаност со фудбал бидејќи на ватерполо натпревар во Дебрецин ја употреби ногата.

Сте виделе ли поупорен фудбалер?

Николас Алтамарино е едно жилаво и упорно дете од Чиле, кое запна како ова да му е последен напад во кариерата. По оваа чудесна акција успеа и гол да даде, ама на крај едвај собра душа за да стане.

УЕФА сака да го укине „голот на гости“

На дводневниот самит на најдобрите европски тренери во Нион се дискутирало и за промена на ждрепката за европските натпреварувања.

Голот со глава кој нема да се повтори

Немаме никакво инфо за видеово, но убедени сме голманот повеќе не го викаат на фудбал.

Гол со салто

Уште ваков гол ни фалеше на сајт. Со боси нозе, без копачки, успеа да го погоди аголот од голот, а истовремено да ни покаже и малку гимнастика.

Решавачки голмански гол

Изминатово коло дефинитивно не помина во знакот на голманите кои заредија многу киксеви. Но имаме и еден јунак од Колумбија кој при резултат 1:1 го реши натпреварот со фантастичен погодок од слободен удар.

Најбрзиот гол во Нов Зеланд

Еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот се случи во Нов Зеланд и тоа на натпревар за играчи до 19 години. По првиот свиреж на судијата топката се најде во гол за само 3,8 секунди.

Се сеќавате на голиот?

Видеото е старо ама многу е пијано, а актер е еден навивач од трибините во пониските лиги во Англија кој со гол патлак никој не сакаше да го приведе.

Случајот од Дељадровци се повтори во Англија

Фудбалер од село Дељадровци кое се наоѓа во Општина Илинден во една прилика ни раскажа како во селската лига каде што настапува едвај успеал да го убеди судијата дека постигнал регуларен гол затоа што мрежата била скината. Видео немаме од таа случка.

Поздрав од пола терен

Гостите од Чорноморец во 26 минута први поведоа против Металист во украинското првенство, но бразилецот Ксавиер не им дозволи да се порадуваат ниту една минута. Топката од средината на теренот ја смести директно во гол и експресно брзо го израмни резултатот.