Пред 14 години, Вејн Руни им даде гол на Шкотите кога играше за селекцијата на Англија под 16 години. Викендов пак даде гол против Шкотска и прославата на голот му беше иста. За Манчестер Јунајтед, никогаш не славел гол на тој начин, а по мечот изјави дека тоа го направил поради син му, кој сака татко му да прави салта и ѕвезди.