Фудбалер од село Дељадровци кое се наоѓа во Општина Илинден во една прилика ни раскажа како во селската лига каде што настапува едвај успеал да го убеди судијата дека постигнал регуларен гол затоа што мрежата била скината. Видео немаме од таа случка.
По неколку години еве ја истата приказна во петтата англиска лига каде по долго натегање судијката реши да се консултира со помошниците и да го признае голот.