Кога сме веќе кај головите на Сан Марино

Фудбалската репрезентација на Сан Марино е 201. на ранг листата на ФИФА. Во својата историја, оваа селекција даде по некој гол а сè друго беа пораз, пораз, пораз, пораз, пораз и пораз. Последниот гол, прв после 15 години го прославија урнебесно.

На 14 квалификациски циклуси за Европско или Светско првенство, Сан Марино одиграл 125 меча, загубил на 122 а остварил само три историски нерешени. Сан Марино од 1990-та година игра квалификации. Од првиот меч против Швајцарија (0-4) до денес, има примено 557 гола а дале 17.

Трите историски нерешени средби ги одиграле против Турција (0-0) на 10 март 1993. година, против Латвија на гости (1-1) на 25. април 2001 година и против Естонија дома (0-0) на 15. ноември 2014 година. Сè друго им се убедливи порази и нив како да им е поважно само да учествуваат.

Енди Селва е најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација со 7 (седум) гола. Ретко даваат гол, па затоа му се радуваат како да се пласирале на Светско првенство.

1. Валдес Пазолини го постигнал првиот исторски гол за оваа репрезентација. Сан Марино - Романија 1-3, 27.03.1991. 30’ минута од пенал за 1-1.

2. Никола Бачоки: Турција - Сан Марино 4-1, 28.10.1992. 59’ минута за 1-1.

3. Давиде Гвалтиери: Сан Марино - Англија 1-7. 17.11.1993. 1’ минута за 1-0.

4. Пјер Доменико Дела Вале: Финска - Сан Марино 4-1. 14.12.1994, 34’ минута за 2-1.

5. Мауро Валентини: Сан Марино - Фарски Острои 1-3. 11.10.1995, 52’ минута за 1-3.

6. Енди Селва: Сан Марино - Австрија 1-4. 14.10.1998, 81’ минута од пенал за 1-4.

7. Енди Селва: Белгија - Сан Марино 10-1, 28.02.2001, 90’ минута за 10-1.

8. Никола Албани: Латвија - Сан Марино 1-1. 25.04.2001, 59’ минута за 1-1.

9. Енди Селва: Сан Марино - Белгија 1-4. 06.06.2001, 11’ минута за 1-1.

10. Енди Селва: Сан Марино - Белгија 1-2. 30.03.2005. 41’ минута за 1-1.

Ова беше третиот гол на Енди Селва против Белгија, селекција која примила најмногу од Сан Марино.

11. Енди Селва: Сан Марино - Босна и Херцеговина, 1:3. 04.06.2005, 39’ минута за 1:2.

12. Мануел Марани: Сан Марино - Ирска 1:2. 07.02.2007. 86’ минута за 1:1.

13. Енди Селва: Сан Марино - Велс 1:2. 17.10.2007, 73’ минута за 1:2.

14. Енди Селва: Сан Марино - Словачка 1:3. 11.10.2008. Во 45’ минута за 1:2.

15. Алесандро Дела Вале: Сан Марино - Полска 1:5. 10.09.2013. 22’ минута за 1:1.

16. Матео Витајоли: Литванија - Сан Марино 2:1. 08.09.2015. Во 55’ минута за 1:1.

17. Матија Стефанели: Норвешка - Сан Марино 4:1. 11.10.2016. Во 54’ минута за 1:1.

Како изгледаше официјалниот Твитер профил на Фудбалската федерација на Сан Марино деновиве.