Таг: сан марино

Историските достигнувања на земјата која има жители кои може да ги собере на Градски

За Сан Марино, 2024-та е фудбалска година за која веројатно до сега само сонувале. Верувале или не, први во група завршија и годинава се радуваа на триумф по пауза од 20 години и тоа два пати.

Живи радости, Сан Марино даде гол после две години

Само што пишувавме за срцките кои 19 години не победиле никој во фудбал, ете ги, се јавија и тоа со израмнување над Данска, кое за жал не го задржаа.

Матурант во Сан Марино нема видено победа на својата фудбалска земја откако е роден

Во 2015-та дадоа гостински гол по пауза од 14 години. Во 2019-та дадоа гол после апстиненција од 803 дена. Кога пред три години врзаа две нерешени по ред (против Гибралтар и Лихтенштајн), еден од репрезентативците на сред интервју плачеше од радост.

Респект за парадава на голманот на Сан Марино

Селекцијата која е на последното 210-то место на ранг листата на ФИФА загуби дома 0:3 од Унгарија во квалификациите за Светско, ама има голман кој синоќа ја направи одбраната број 1 на вечерта. Се вика Елиа Бенедетини и брани за третолигашот Чезена. Секоја чест за парадава.

Играч на Сан Марино се расплака од среќа што не изгубиле 2 меча по ред

Доказ дека фудбалот не е само игра во која 22 трчаат по топка е едно флеш-интервју со репрезентативецот на Сан Марино, Данте Роси.

Сан Марино даде гол после 803 дена, се радуваа како луди

Репрезентацијата на Сан Марино изгуби дома од Казахстан 1:3 во квалификациите за ЕП2020, а стрелец на голот за домаќините беше Филипо Берарди. Тој стана 16-от играч во историјата на оваа селекција којшто дал гол. Сан Марино последен пат постигна гол на 4. септември 2017 година против Азербејџан (1:4).

Сан Марино, лигата во која за настап ви требаат само две едвај функционални нозе

Да речеме дека постои човек кој во една сезона успеал да изгледа по еден натпревар во сите лиги во Европа. Ништо не раскажува за нас, што е добро, бидејќи очигледно има и бетер.

Уникатна можност да ја гледаш најслабата репрезентација на светот

32 години играат квалификации. Одиграле 136 натпревари и не победиле ниту еднаш. На ФИФА ранг листата се 210-ти од 210 репрезентации на светот. И секој нареден натпревар, домашните навивачи одат на стадионот „Олимпико“ со надеж дека можеби сега е моментот.

Андора лудо ја прослави првата победа после Македонија

Фудбалерите на Андора синоќа ја прекинаа серијата од 86 меча и дури 4.515 дена (12 години и 4 месеци) без победа и славеа абнормално еуфорично. Не е на одмет да потсетиме дека последен пат ја победија Македонија со 1:0 во 2004-та.

Натпреварот кој тежи 4 победи (една против Македонија) и 257 порази

На нешто повеќе од два часа пред вечерашните средби во ЛШ, ќе се сретнат две земји кои заедно имаат околу 120.000 жители и традиција за фудбал колку што ние имаме за тенис и пинг понг.

Румениге пак се закача со Сан Марино

Очигледно дека одговорот кој цела Европа го дочека со аплауз не им беше доволен, па работниците во германскиот фудбал пак се фатија за Сан Марино.

Џабе сте најдобри во свет кога носите сандали со бели чорапи

Германците во петокот со 0:8 го победија Сан Марино што беше причина некои нивни репрезентативци со омаловажување да коментираат за противникот кој на крајот не остана должен.

Кога сме веќе кај головите на Сан Марино

Фудбалската репрезентација на Сан Марино е 201. на ранг листата на ФИФА. Во својата историја, оваа селекција даде по некој гол а сè друго беа пораз, пораз, пораз, пораз, пораз и пораз. Последниот гол, прв после 15 години го прославија урнебесно.

Најшармантната прослава од ноќеска

Не зборуваме за нашата, чисто од страв да не се урочиме. Зборуваме за средбата меѓу Норвешка и Сан Марино, кои играа квалификации за Светско. Сето ова заврши со убедлива победа на Норвешка, меѓутоа се случи нешто крајно неочекувано за сите, Сан Марино даде гол. И тоа не каков било гол, туку гол на гости, на квалификации за светско, што за нив е прв ваков гол од 2001-ва. По голот, на твитер профилот @soccersanmarino се случуваше делириум.

Што ѝ направи Сан Марино на Англија за 8 секунди?

За да се пласираат на СП 1994, Англичаните требаше на гостувањето против малата земја да победат со седум голови разлика за да бидат подобри во гол разликата од Холандија. Гордиот Албион успеа да постигне 7 погодоци, но го прими најбрзиот гол во историјата на квалификациите за Светските првенства и остана дома. 

Масимо Бонини и голот кој ќе го спаси фудбалот

Тие ја чуваат тајната на фудбалот, дека е ова најубавата игра затоа што е “демократска“ во која џуџе може да се мери со гигантите и во која за среќа е потребно многу малку. Два камења може да глумат стативи, треба само една топка и малку патриотизам.

Работникот кој го израдува Сан Марино после 24 месеци

Генерација 1989, Матео Витајоли работи во фабрика а во слободно време игра квалификации за Светско и Европско првенство со Сан Марино. Неговиот гол за израмнување го славеа како злато на Мундијал.

Прв гостински гол на Сан Марино после 14 години

Да се израдуваш на гол во гости после цели 14 години за фудбалерите на Сан Марино е еднакво на радоста за освојување на Светско првенство. Израмнија на 1-1 против Литванија, но загубија во финишот.

Пркна најслабата фудбалска репрезентација во светот

По пауза од шест години на дното и крајот на неславната серија од 61 пораз, Сан Марино која до сега има само една победа во својата историја, направи историски скок на ранг листата на ФИФА.

Квалификациите за ЕП 2016 на пола пат

Пет селекторски смени, бод на Сан Марино, победа на Фарски Острови, прекинати натпревари и навивачки нереди го одбележија првиот дел од квалификациите за пласман на ЕП 2016 во Франција.

Како Џо Харт му бранеше на Сан Марино

Англичаните синоќа си имаа работа со најслабата репрезентација на планетава, па одлучија да си прогласат и најдобар играч на мечот.

Сан Марино со двајца фудбалери ќе патува на Вембли

Откако ќе ги видите податоците и успесите на најслабата фудбалска репрезентација во свет ви доаѓа да им закажете една партија во маало.

Сметководителите од Сан Марино

Милионерите од англиската фудбалска репрезентација често се расправаат со сметководители, но надвор од терените. Во петокот тие за прв пат имаа шанса да играат и против нив.