Додека Серхио Рамос после 25 погодени пенали по ред, промаши 2 на еден ист меч, репрезентацијата на Сан Марино успеа втор пат по ред да не изгуби меч.
Фудбалерите на Сан Марино пред крајот од мечот со Гибралтар (0:0) ја задржуваа топката кај корнер знаменцето и на крајот многу се израдуваа.
Не е срамота затоа што станува збор за последната репрезентација на ФИФА светската ранг листа, која сега за првпат во историјата на 2 меча по ред избегна пораз. Во октомври останаа непоразени против Лихтенштајн.
Толку многу славеа по ремито со Гибралтар, што дури еден репрезентативец заплака.
Емотивниот Данте Роси во флеш-интервју после мечот не издржа да не заплаче:
„Јас ветив дека нема да плачам, но сега се расплакав. Ова е подарок за мојата мала, но има големо срце. За мене да играм за репрезентацијата на мојата земја е сон. Не можам многу да зборувам сега. Моето семејство е среќно, жена ми е среќна! Сакам да им кажам фала на сите соиграчи и стручниот штаб“.
Dante Rossi, the rock solid wall in our defense, crying of happiness because he is so proud and grateful he can play for San Marino. This is what football is about, passion and emotion. We love you Dante. #SMRgib
— San Marino fan account (@SanMarino_FA) November 15, 2020
[source: @SanMarino_RTV] pic.twitter.com/gQJqXH8WRH
Интересно, Данте Роси е роден во Аргентина каде живеел извесно време. Пред пар години се преселил во Сан Марино и заиграл за репрезентацијата. Има само 5 настапи од кои 2 без пораз.
Сан Марино остана последен во групата од Лига на нации, но се израдува на 2 освоени бода.