Спремете се за Андора – Сан Марино, најнеатрактивниот фудбалски натпревар во Европа чии репрезентативци од работа одат право на тренинг. По професија се пожарникари, полицајци и таксисти кои обично влетуваат да пополнат место.
Овие две селекции денеска се среќаваат за прв пат во историјата. Сан Марино е 202-ри, а Андора 203-та на ранг листата на ФИФА и веројатно како никогаш до сега и во двата табора се надеваат на победа.
Нивната серија на порази е крајно трагична и жална. Андора има 86 порази во низа, а Сан Марино 74. Последен пат на победа се радувале пред 13 години.
Откако Сан Марино во 1990 стана учесник во квалификациите за СП и ЕП не успеа да победи на ниту еден натпревар, па сега вие видете до колку се аматери. Единствениот нивни триумф се случи на пријателски дуел против Лихтенштајн кој заврши 1:0.
До мај 2013-та кога Гибралтар стана членка на УЕФА, тие беа земја со најмал број на жители (33,285) меѓу земјите кои членуваат во Европската куќа на фудбалот.
Најдобар стрелец им е Анди Селва кој на 74 настапи има постигнато 8 гола.
Андора има одиграно 5 квалификациски циклуси за ЕП на кои ги имаат загубено сите 50 натпревари, а на мундијалските квалификациите имаат 42 порази, две нерешени и една победа, знаете против кого така?
Против Македонија 1:0 во квалификациите за СП 2006, меч кој се смета за најсрамен во историјата на нашиот репрезентативен фудбал. Затоа и немаме многу право да мрчиме против нив.
Прв стрелец им е Лима со 10 гола на 103 меча.
Сан Марино во својата историја има една победа, четири нерешени, 134 порази и скор од 22 дадени и 603 примени голови.
Андора има три победи, 12 нерешени, 123 порази и скор од 38 дадени и 382 примени голови.
Ова се сите нивни победи
26 април 2000: Андора – Белорусија 2:0 (пријателска)
17 април 2002: Андора – Албанија 2:0 (пријателска)
28 април 2004: Сан Марино – Лихтенштајн 1:0 (пријателска)
13 октомври 2004: Андора – Македонија 1:0 (квалификациска за СП 2006)
Голот на Андора против Македонија. На крај слават со шампањско.
Ја имате и на Типстер