Таг: андора

Шерингам и Солскер од Андора

Андора е Андора во фудбалскиот свет, тоа го знаеме, една од најслабите репрезентации во светот. Ама и таму нешто што се вика драма и возбуда во фудбалот. Санта Колома како фаворит против Карои води 1:0 и во 89-та минута добива црвен картон. Задача и е резултат да го одбрани во судиско со играч помалку. Претпоставувате што ќе се случи така?

Андора им даде гол на Србите од 50 метри, па сама изедначи со автогол

Ах оваа Андора какви спомени ни носи. Дома 0:0 на замрзнат терен во јануари, кој бил знае, а таму го изедовме срамот 1:0 во време на Хари. Србите кои се во фудбалска агонија, замислете губеа од нив и тоа со гол од скоро пола терен на Силвиан Лопез во 17 минута. Само две минути подоцна извесен Гарсија сам си ја заби од корнер за 1:1. Триумфот од 1:3 го донесоа Влаховиќ и Митровиќ во вториот дел.

И ја сокривте топката на Андора а?

Шпанците беа најефикасни на синоќешните пријателски средби, а противникот им се викаше Андора, на која и пукнаа петарда. Хет-трик на Микел Ојарзабал. Издвојуваме еден од неговите голови, пред сè поради велелепната акција.

Лудорија од гол во Шпанија во 98-ма минута за победа

Додека ги пратиме квалификациите за ЕП 2024, во втората шпанска лига Мирандес и Андора одиграа јак меч кој заврши 4:3. И тоа гостите стигнаа до израмнување со два гола во 91-ва и 93-та минута, но внимавајте што се случува во 98-ма. Неочекуваното решение со кое ја шашардиса цела гостинска одбрана е дело на Карлос Мартин.

На Нистелрој најде да му се смееш?

На 7 септември 2005-та, еден несреќник од Андора фати да му се смее на Руд затоа што промаши пенал на мундијалски квалификации во група каде бевме и ние. Конечен резултат? 4:0 за Холандија, два гола за холандскиот голгетер. 

Опа бато, Андора напреднала

Селекцијата која секогаш ќе не потсеќа на тоа пусто засрамувачко гостување и која има жители колку што Олд Трафорд собира гледачи, има историски прогрес во овие квалификации. Па што, за нив е историски.

Голманот на Андора го глумеше Ноер и излезе цреп

Глумата може да послужи како клип за најсмешно видео инсерти или во некој комичен филм каде се зборува за фудбал. Резултатот од неговото трагикомично излетување е асистенција до напаѓачот на Албанија кој го отвори резултатот. Пацериште.

Капитенот на Андора има колекција од 600 дреса и не сака да ги пере

Најсреќен бил кога се сменил со Џон Тери, но подоцна капитенот на Англија го разочарал после неколку години. Има дресови од Тоти, Ибрахимовиќ, Малдини и многу други а вели дека последно најмногу го сакал од репрезентацијата на Сиера Леоне.

Од Казахстан до Исланд - 198 екипи во трка за Евро купови

Вечерва почнува долгиот пат до групната фаза на најголеммите европски натпреварувања: има 10 места за ЛШ и 22 за ЛЕ а за нив ќе се борат 198 тима.

Андора лудо ја прослави првата победа после Македонија

Фудбалерите на Андора синоќа ја прекинаа серијата од 86 меча и дури 4.515 дена (12 години и 4 месеци) без победа и славеа абнормално еуфорично. Не е на одмет да потсетиме дека последен пат ја победија Македонија со 1:0 во 2004-та.

Натпреварот кој тежи 4 победи (една против Македонија) и 257 порази

На нешто повеќе од два часа пред вечерашните средби во ЛШ, ќе се сретнат две земји кои заедно имаат околу 120.000 жители и традиција за фудбал колку што ние имаме за тенис и пинг понг.

Изненадувачки гол и за камерманот

Еве нешто и од аматерите од Андора. Голманот кој куртули од 11 метри, во следната акција толку силно ја рогна топката што ги збуни и коментаторот и камерманот кој со тешкотии ја следеше топката.