Летово во фудбалот се случи чудо. Малата Андора после 66 меча натпревари без победа, ја совлада Унгарија во квалификациите за Светско првенство и тоа беше прва официјална победа за Андорците во цели 12 години. Претходно, да не заборавиме, дека таму се посрами и фудбалската репрезентација на Македонија која изгуби од аматерите.
Пар месеци пред мечот со Унгарија на 9. јуни Андорците го освоија и првиот бод после 58 меча - ремизираа 0-0 против Фарски Острови.
На историскиот меч против Унгарците играше и 37-годишниот стопер Илдефонс Лима којшто е можеби најголемиот фудбалер во историјата на оваа мала земја. Просто статистиката вели така: Репрезентацијата на Андора досега одиграла 142 натпревари, а само Лима настапил на 107.
Во однос на фудбалските фанови од континентот, Илдефонс Лима можеби го паметат нашите репрезентативци кои на 13. октомври 2004 година го доживеаа најсрамниот пораз во историјата откако загубија 1-0 од Андора во квалификациите за Светско 2006 (Лима најмногу се радуваше на крајот и отвори шампањско). А го паметат и Русите кои едвај ги победија со 1:0 во 2007 година кога Аршавин доби црвен картон поради тоа што намерно го удри Илдефонс Лима по нозете.
Лима е и најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Андора: за 20 години меѓународна кариера низ квалификаициите Либа насобрал 11 гола (5 од нив од пенал).
Но Лима во својата земја и пошироко не е познат само по голгетерскиот рекорд туку по едно интересно колекционерство. Тој собира фудбалски дресови. Последен пат кога го прашале колку има, рекол дека има околу 600 и дека се уморил кога последен пат ги броел и стигнал до 500 и нешто.
Сите дресови кои ги разменувал низ кариерата уредно му стојат во посебна соба и секој виси на одделна закачалка прекриена со целофан за да не фаќа прашина и да бледи.
Главен детал - ниту еден дрес никогаш не ставил во машина за перење. Логично прашање е: Од каде толку многу дресови? А одговорот е следен: Лима имал пристојна клупска кариера паралелно со репрезентативната. Играл во вторите лиги на Италија и Шпанија а во 2002 година одиграл 3 меча за славниот мексикански клуб Пачука.
Во колекцијата на Лима има и многу вредни експонати - например, дресот на Џон Тери од квалификацискиот меч со Англија на преполн Вембли во 2009 година.
„После ова може да ја завршам кариерата“, рекол ветеранот стопер на Андора тогаш.
Но после две години од тој момент, Лима се жалел од Тери. Се испоставило дека капитенот на Челси и Англија им наложил на соиграчите од репрезентацијата да не менуваат дресови со Андорците: наводно играле премногу грубо и удирале намерно.
Илдефонс до 2007 година веќе собрал 300 дреса во домашниот музеј а минатиот октомври по четирите гола на Кристијано Роналдо против Андора, капитенот Лима после мечот побарал од легендарниот Португалец да се заменат со дресовите.
Неговите блиски пријатели и соиграчите од репрезентацијата раскажувале дека Лима повеќе ги цени дресовите на помалку познатите играчи отколку на оние топ-класа фудбалери (има од Тоти, Ибрахимовиќ и Малдини).
„Денес имам меѓу 500 и 600 дреса. Имам речиси од секоја репрезентација членка на ФИФА. Најегзотична земја од која имам дрес е Аруба. Собирам само од мечот, дресови со кои е играно а не од продавница“, изјавил Лима минатата година.
По последното броење Лима изброил дека дресови од 128 членки на ФИФА од вкупно 211. Последниот којшто го добил е од Курасао со автограм од сите играчи и дрес од Маурисиус.
За колекционерството, Андорецот е спремен на се. За себе вели дека е „апсолутен лудак“: во април се јавувал кај производителот на опреама AMS Clothing коишто шие опрема за Руанда и Сиера Леоне и побарал од нив дресови од репрезентациите на овие две земји.
Вели дека овие дресови се историјата и богатството на неговата кариера.