Таг: колекционер

Запознајте го најголемиот колекционер на сликички од Македонија

Игор Петков од Радовиш е сериозно јак колекционер на картички и сликички од фудбалери. Со ова хоби се занимава од СП 1990 и има безценета колекција за која одбива многу пари. Држи сè и сешто. Од Сократ Мојсов, Џина, Дојчиновски, Панчев, Станојковиќ до Пандев, Елмас, Барди, Ристовски. Бил и на саем за изложба на колекционерски предмети во Загреб, како единствен македонски претставник.

Како изгледа сонот за секој колекционер на дресови?

Да влезе тука, со можност да го остават едно две недели.

Најјакиот колекционер на дресови од Серија А е од Шкотска

Неил Андерсон за себе вели дека е навивач на Абердин и колекционер на дресови од Италија. Чуден спој. Ако има некој Италијанец вакво богатство дома, нека ни пише.

Колекционерска картичка со автограм од Лука Дончиќ продадена за 4,6 милиони долари

Американците со децении негуваат посебен однос кон колекционерство на картички со потпис од познати бејзбол играчи, кошаркари, фудбалери, рагбисти. Една таква картичка со потпис од Дончиќ продадена за страшна сума.

Царот што собрал 3.200 навивачки шалови

Холанѓанецот Јелмер Ботс е еден од најпасионираните колекционери на фудбалски шалови во Европа. Во поткровјето од својата куќа тој има шалови од Естонија па до Монголија. Меѓу илјадниците драгоцени аксесоари има и два шала на македонски клубови.

Капитенот на Андора има колекција од 600 дреса и не сака да ги пере

Најсреќен бил кога се сменил со Џон Тери, но подоцна капитенот на Англија го разочарал после неколку години. Има дресови од Тоти, Ибрахимовиќ, Малдини и многу други а вели дека последно најмногу го сакал од репрезентацијата на Сиера Леоне.

Колекционерот кој во својот стан има 7.537 бејзбол топчиња

Има 36 години, по професија е писател, не го бивало да направи кариера во бејзболот, но успеал да им ги собере сите топчиња и сега пишува книги со инструкции како го правел тоа.

ФФМ му подари дрес на колекционерот

Одличен гест од Фудбалската федерација на Македонија. Откако ја напишавме приказната за колекционерот од Германија, ФФМ се понуди да му ја збогати колекцијата со дресот кој му недостига.

Колекционерот на кој му фали дрес од Македонија

Запознајте го Саша Деркоп, германски колекционер кој има преку 200 дресови, а во неговата колекција му фали дрес од македонската фудбалска репрезентација. Во неговиот обид да дојде до еден, македонски репрезентативец се обидел да му го продаде за 250 евра.