Запознајте го најголемиот колекционер на сликички од Македонија

Игор Петков од Радовиш е сериозно јак колекционер на картички и сликички од фудбалери. Со ова хоби се занимава од СП 1990 и има безценета колекција за која одбива многу пари. Држи сè и сешто. Од Сократ Мојсов, Џина, Дојчиновски, Панчев, Станојковиќ до Пандев, Елмас, Барди, Ристовски. Бил и на саем за изложба на колекционерски предмети во Загреб, како единствен македонски претставник.