Колекционерска картичка (trading card) со автограм од големиот лидер на Далас Маверикс стана најскапо продадена картичка од некој НБА кошаркар. Пред неа на прво место е само една колекционерска карта од бејзбол легендата Мики Мантл произведена од компанијата Topps во 1952-ра година и продадена во јануари годинава за неверојатни 5,2 милиони долари!
Познатиот колекционер во Америка Ник Фиорело на ауција ја купил трејдинг картата на Дончиќ насловена “1:1 Logoman Autographed” за 4,6 милиони долари.
Претходно на аукција најскапо платена картичка со потпис (автограм) од кошаркар била онаа на Јанис Антетокумпо од сезоната 2013/2014 платена 1,8 милиони долари.
Картичка со потпис и слика од ЛеБрон Џејмс од неговата руки сезона (2003-2004) била продадена исто за 1,8 милиони долари, а картичка од 1997-ма со потписот и слика на Мајкл Џордан некој колекционер ја платил 1,44 милиони долари.
На прво место во историјата на американскиот спорт според висина на платена картичка и натаму е онаа на легендарниот бејзбол играч на Њујорк Јенкис Мики Мантл произведена од Topps во 1952 година. Првично била продадена за 2,8 милиони долари во 2018 за потоа во јануари 2021 аукционерот и колекционер Роб Гав да постави светски рекорд со дадени 5,2 милиони долари за неа.